Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ставајте крем за сончање и за низ град, советуваат дерматолозите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Ставајте крем за сончање и за низ град, советуваат дерматолозите
ЗДРАВЈЕ

Ставајте крем за сончање и за низ град, советуваат дерматолозите

Објавено July 22, 2025 17:33
Сподели
Сподели

Заштитата од сонце треба да е задолжителна во дневната рутина на пациентите, особено во услови на високи температури и зголемен УВ-индекс, повикаа денеска надлежните од Кумановската општа болница. Заштитата е неопходна за здравјето на најголемиот орган-кожата советува доктор Лилјана Пандиловска, дерматовенеролог од Општа болница Куманово, началник на одделот за дерматовенерологија.

Изгореници, алергиски реакции, инфекции, но и сериозни заболувања може да бидат последици од непочитување на основните правила за заштита. Летово зголемен е бројот на пациенти кои бараат совети и здравствена грижа за црвенило, чешање, појава на фоликулитис, бактериски инфекции, што често е резултат на комбинацијата на сонце, вода и неподготвена кожа.

Пред сè, би апелирала до сите граѓани да не се изложуваат директно на сонце во периодот од 10 до 17 часот, кога УВ-индексот е највисок. Доколку мора да се излезе на отворено, потребно е да се заштити кожата со соодветна фотопротекција, односно креми со заштитен фактор (SPF). Овие препарати треба да се нанесуваат најмалку 20 до 30 минути пред излегување и да се обновуваат на секои два часа, особено по потење, капење или бришење со пешкир, изјави д-р Пандиловска.

Облеката во лето игра клучна улога во заштитата, треба да биде светла, лесна и од природни материјали, памук или лен, што пропуштаат воздух, но штитат од зрачење. Очите треба да се заштитени, важно е да се носи капа или шешир.

Кај децата, особено кај бебињата, кожата е многу почувствителна и лесно може да се оштети. Тие во ниту еден случај не треба да се изложуваат на директна сончева светлина. Најдобро е да бидат во сенка, а кога се надвор, задолжително да носат заштитна облека, капчиња и да се користат фотопротективни препарати наменети за деца. Пожелно е и користење облека со вграден УВ-филтер, вели д-р Пандиловска.

Првична заштита при изгореници е нанесување ладни облоги, лекарите препорачуваат и користење креми за обнова на кожата. Но, доколку се појави црвенило, чешање, плускавци – задолжително да се консултира дерматолог.

к

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Исплатени 23,5 милиони евра на граѓаните од Првата граѓанска обврзница
Следна Статија Македонец починал на плажа во Грција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

18 повредени од трагедијата се уште на болничко лекување , од кои 11 се во странство

Тим од специјалисти од скопските клиники ќе ја утврдува состојбата на сите кои беа повредени во трагедијата во Кочани. Од…

May 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Инвестиција во милијарди евра во инфраструктурата и здравството, најави Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска објави дека Владата работи на инвестиција во инфраструктурата и здравството од неколку милијарди евра. …

March 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Редовното консумирање на овие овошја и зеленчуци ќе го подобри здравјето на вашето срце

Здравјето на срцето е од клучно значење за целосното функционирање на организмот, а редовното консумирање на повеќе видови овошје и…

March 22, 2025
ЗДРАВЈЕ

Еден лек недостига на Онкологија, но од ФЗО најавуваат брзо решавање на проблемот

За онколошките пациенти во државава во моментов недостига само еден лек – „палбоциклиб“, терапија која ја примаат 142 од вкупно…

April 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?