Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Романија повлече 1,2 тона сомнително заразено месо од продажба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Романија повлече 1,2 тона сомнително заразено месо од продажба
СВЕТ

Романија повлече 1,2 тона сомнително заразено месо од продажба

Објавено July 23, 2025 19:49
Сподели
Сподели

Инспектори од Дирекцијата за санитарни, ветеринарни и безбедносни прашања за храна во романскиот град Бузеу изземаа 1,2 тона месо од продажба, за кое постои сомнеж дека е заразено со вирусот на африканска свинска чума, јави телевизијата Диџи24.

Во текот на јуни биле извршени над 300 инспекции кај економски оператори долж целиот синџир – од производството до продажбата. Контролите биле насочени кон почитување на општите хигиенски услови, барањата за следливост и правилно етикетирање на прехранбените производи.

По завршените проверки беа утврдени структурни недостатоци, отсуство на здравствени проверки, немање мониторинг на температурата во ладилниците, проблеми со етикетирањето, складирањето и ракувањето со храната. Како резултат на овие неправилности беа изречени шест парични казни во вкупна вредност од 33.600 леи (близу 13.000 лева) и издадени 23 предупредувања, соопшти Дирекцијата.

Дополнително, биле земени над 380 примероци од храна за да се утврди нивната усогласеност со законските регулативи.

Само пред една недела, вирусот на африканската свинска чума беше потврден на две фарми во областа Бокша, во југозападна Романија. Локалниот центар за контрола на болести спроведе строги мерки за контрола и превенција, меѓу кои и воспоставување на зона за набљудување со радиус од десет километри, што ги опфаќа и блиските ловишта.

Африканската свинска чума е вирусно заболување што не се пренесува на луѓето и не претставува ризик по јавното здравје, но предизвикува значителни економски загуби во сточарството, нагласуваат романските медиуми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гори планината Серта кај Штип – се бара помош од воздух
Следна Статија (ВИДЕО) Полицајци спречија девојка да си го одземе животот, приведен маж поради сомнение за проституција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ВИДЕО: Откриено што е најдено во џебот на убиениот лидер на Хамас

Пасошот пронајден кај убиениот водач на Хамас му припаѓа на наставник на УНРВА (Агенција за помош и работа на Обединетите…

October 18, 2024
СВЕТ

САД објавија видеоснимка од нападот на гала-вечерата со Трамп во Вашингтон

Американските власти објавија видеоснимка од нападот што се случи за време на гала-вечера во Вашингтон, на која присуствуваше претседателот Доналд…

May 1, 2026
СВЕТ

(Видео) Отсечени градови, куќи во вода: жителите качени на покривите во делови од Австралија

Обилни дождови предизвикаа поплави долж источниот брег на Австралија, сериозно погодувајќи ги помалите градови на околу 250 километри северно од…

May 21, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Казнет турскиот министер за транспорт кој возел со 223 км/ч

Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу е казнет за пречекорување на брзината откако на социјалните мрежи објави видео на кое…

August 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?