Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грција бара од Владата да го користи уставното име
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Грција бара од Владата да го користи уставното име
ПОЛИТИКА

Грција бара од Владата да го користи уставното име

Објавено July 23, 2025 20:02
Сподели
Сподели

Поддршката од Грција за европскиот пат на Северна Македонија останува силна, но придружена со порака за целосна имплементација на Преспанскиот договор. Ова го истакна шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапетритис, на заедничката прес-конференција со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој престојува во прва официјална посета на Атина.

„Дозволете ми да ја подвлечам важноста на целосната и bona fide имплементација на Преспанскиот договор, вклучително и користењето на уставното име на земјата за севкупна употреба (ерга омнес)“, изјави Герапетритис.

Двајцата министри разговараа за продлабочување на билатералната соработка, регионалната стабилност и заедничките економски и енергетски проекти. Станало збор за проекти, како Коридорот 10 и за гасниот интерконектор. Реафирмирана е заедничката посветеност во рамките на НАТО и потребата за блиска координација. Поддршката за Украина мора да остане, заклучија министрите.

Муцунски ја нагласи важноста на меѓусебната почит: „Длабоко и искрено верувам во нашите односи и во силата на дипломатијата заснована на почит“.

Муцунски изрази благодарност за грчката помош по трагедијата во Кочани и пожарите во близина на Дојран.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На јавниот повик за ангажирање лица за справување со пожарите пријавени помалку од 500 кандидати
Следна Статија УЈП ќе спроведува засилени контроли кај такси превозот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Вреди: НАИ повеќе не постои

Она што денес се случува на албанската политичка сцена не е оставка, туку е колапс. Тоа е колапс на зграда…

November 15, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Обвинувања од СДСМ: Кој го штити разрешениот началник на СВР Штип

„Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја,…

May 31, 2025
ПОЛИТИКА

Славјанка Петровска откри зошто декласификацијата предизвикува нервоза кај власта

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, изјави дека барањето за целосна декласификација на документите предизвикало паника и нервоза кај власта, која…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: Не успеа планот на ДУИ со Таравари да дојде до распад во коалицијата

Од ВЛЕН денеска порачаа дека се пообединети од кога било и дека излегувањето на Арбен Таравари било обид на ДУИ…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?