Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Ќе излеземе со извештај за случаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, понатаму судските и истражните органи треба да делуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари: Ќе излеземе со извештај за случаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, понатаму судските и истражните органи треба да делуваат
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Ќе излеземе со извештај за случаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, понатаму судските и истражните органи треба да делуваат

Објавено October 10, 2024 15:30
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе излезат со извештај во врак со смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, а натаму останува на судските и истражните органи да делуваат.

– Извештаите се подготвени, скоро комплетирани. Чекав извештај од професионални компетентни педијатри за да дадат одреден заклучок.

Се надевам или денеска или во понеделник најдоцна, ние како Министерство ќе имаме прес-конференција и ќе ги кажеме сите детали од случувањата и со жената која што беше бремена од Куманово која  почина и за детето, 14-месечно, кое почина во Клиниката за педијатрија.

Кажав, ако очекувате јас да судам, ние не сме судски орган, подвлече тој.  Истакна дека извештајот од Куманово утрово бил доставен во Министерството за здравство.

Сега ќе ме брифираат штом се вратам оти беше извештајот малку подолг.

Јас планирам, можеби денеска во 13 часот ќе свикам повторно прес-конференција во Министерство за здравство, за двата случаи, очекувам можеби и од Педијатрија ќе стигне извештајот денеска, додаде тој.

Запрашан дали ќе има обвинение во врска со случајот во кој починаа мајка и дете, во тетовското село Слатино, тој одговори дека уште еден член од семејството треба да се прегледа и да се види евентуално да нема и тој последици, ако навистина причината за смрт е труење.

Министерот додаде, дека, дали ќе има обвинение или не, е предмет на истражните органи и на правниот систем.

Околу вакцините за сезонски грип, рече дека веќе се стигнати и почнува дистрибуција на вакцините низ државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ во влада и ДУИ во опозиција со различни ставови за балансерот, а бадентерот е уставна категорија, посочи Лефков
Следна Статија Средба Тошковски – Дачиќ: One Stop Shop системот ќе профункционира до почетокот на следната сезона

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Оној што управува автомобил повеќе од 90 од дозволеното не заслужува возачка дозвола

Во декември ќе започне тест периодот на „Сејф сити“, а системот ќе стартува на први јануари следната година најави денееска…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој…

May 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Магдалена Алексовска, прва од Македонија дипломира на „Вагнер“ 

Магдалена Алексовска дипломира на колеџот „Вагнер“ во Њујорк, САД, и за кратко време успеа да ја добие работата од своите…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Да им се одземаат возилата на возачите што прават тешки прекршоци во сообраќајот, предложи Филипче

Да им се одземаат возилата на возачите што прават тешки рекршоци во сообраќајот, предложи денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче.…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?