Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ангелов: Бројот на пожари висок, но досега успешно се справуваме, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ангелов: Бројот на пожари висок, но досега успешно се справуваме, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Бројот на пожари висок, но досега успешно се справуваме, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август

Објавено July 23, 2025 20:22
Сподели
Сподели

Во справувањето на пожарите од воздух на располагање се ставени двата „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување и два полициски и два армиски хеликоптери. Третиот „ер трактор“ кој е на сервис, се очекува да биде вратен во земјава на почетокот на август.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска информираше дека кај овој „ер трактор“ дополнително се откриени дефекти.

– Во моментов имаме два „ер трактора“, третиот треба да биде вратен од сервис на почетокот на август. Фирмата која го работи сервисот, најверојатно се соочува со голем обем на работа и не може да постигне. Тој е благовремено однесен и веќе подолго време е таму, но дополнително кај него се откриени дефекти кои биле непредвидени поради што сервисот се развлекува подолго време, рече Ангелов на денешната прес-конференција.

Во случај на влошување на состојбата со пожарите, Ангелов посочи дека може да се побара и меѓународна помош, но дека во моментот тоа не е најсоодветната опција бидејќи и другите држави се справуваат со пожари.

– Во случај на драматично влошување на состојбата на располагање ни стои ЕУ механизмот за заштита и спасување и во кој било момент може да побараме меѓународна помош, но морам да укажам дека целиот регион е во оган. Од моите билатерални контакти со колегите од регионот можам да кажам дека сите летала од соседните држави се зафатени со гаснење на пожарите во нивните држави, така што и варијантата на барање на меѓународна помош во летала не е најсоодветната опција, рече Ангелов.

Додаде дека бројот на пожари во земјава е висок, но смета дека досега е доста успешно справувањето со нив.

Секое утро, како што изјави, авион на Агенцијата за цивилно воздухопловство прави прелет на територија на целата држава со цел да се добијат информации за состојбата со постојните пожари и за нови пожари.

– Добар дел од пожарите се ниски пожари, така што од еколошки аспект на некои места штетата и не е толку голема, но факт е дека борбата со пожарите е тешка бидејќи сите пожари се на тешко пристапни места, а дел и на целосно непристапни терени поради што воздушната поддршка е од исклучително значење, рече Ангелов.

Упати апел до сопствениците на викендици или куќи да ги исчистат дворовите од вегетација и да направат заштитен појас.

Според него, продолжуваат и обидите за намерно предизвикување пожари на отворен простор укажувајќи на најновиот откриен случај во општина Крива Паланка каде се пронајдени повеќе од 30 расфрлени гуми, гранки и картонски кутии.

-За жал, секојдневно добиваме индиции за намерни палежи коишто јавно ги објавуваме, но во некои случаи тешко оди собирањето на докази, рече Ангелов.

Тој воедно апелираше до граѓаните доколку видат сомнителни случаи да ги пријават на телефонскиот број 112 или во најблиската полициска станица.

Во последното деноноќие се регистрирани 40 пожари од кои изгаснати се 33 пожари, а пет се активни, додека два се ставени под контрола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски може да ја изгуби западната помош поради притисок врз антикорупциските агенции во Украина
Следна Статија Истражувачите се поблиску до „универзална“ вакцина против рак

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мисајловски од Брисел по предлогот на Трамп: Тешко ќе се стигне до 5% од БДП за одбраната, но…

Министерот за одбрана Владо Мисајловски беше на министерскиот состанок на НАТО во Брисел каде САД ја промовираа идејата земјите членки…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

40 евра казна ако користите телефон додека преминувате пешачки, 50 евра со тротинет – новите правила од денеска на сила

Од денес стапуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Републичкиот совет за безбедност…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, одобрен куќен притвор

Судскиот совет на Република Македонија денеска на итна седница со 10 гласа „за“ му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Што велат законите на Емиратите: Освен инвестиција од најмалку половина милион долари, нема друг начин Филипче да добие златна виза за Дубаи

Со обично „срчање“ по државните институции на Обединетите Арапски Емирати може да се провери кои се условите да се добие златна виза…

May 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?