Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Истражувачите се поблиску до „универзална“ вакцина против рак
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Истражувачите се поблиску до „универзална“ вакцина против рак
ЗДРАВЈЕ

Истражувачите се поблиску до „универзална“ вакцина против рак

Објавено July 24, 2025 08:36
Сподели
Сподели

Експериментална mRNA вакцина што ги подобрува ефектите на постојните третмани во борбата против ракот ги доближува истражувачите чекор поблиску до нивната цел да развијат „универзална вакцина“ за „будење“ на имунолошкиот систем во справувањето со канцерогените клетки.

Според студијата на истражувачкиот тим од Универзитетот во Флорида објавена Nature Biomedical Engineering, тестирањето на новата вакцина во комбинација со вообичаените лекови против рак наречени инхибитори на имунолошки контролни точки, резултирало со силен антитуморски одговор.

Изненадувачки, вакцината го прави ова не со таргетирање на специфичен тип на тумор, туку со едноставно активирање на имунолошкиот систем – поттикнувајќи го да реагира како да се бори против вирус. Тоа значи дека може да се користи за речиси секаков вид на рак.

Главниот автор на струдијата д-р Елијас Сајур, педијатриски онколог на Универзитетот во Флорида, вели дека резултатите откриваат потенцијален нов пат на лекување – алтернатива на хирургијата, зрачењето и хемотерапијата – со широки можности за борба против многу видови тумори отпорни на постојните третмани.

– Овој труд опишува многу неочекувано и возбудливо набљудување: дека дури и вакцина што не е специфична за одреден тумор или вирус – сè додека е mRNA вакцина – може да произведе ефекти специфични за туморот. Ова откритие е доказ за концептот дека овие вакцини потенцијално би можеле да се користат како универзални вакцини против рак за да се сензибилизира имунолошкиот систем против индивидуалниот тумор на пациентот, рече Сајур.

Русија денеска соопшти дека ќе бидат потребни меѓу осум и 10 месеци за развој на вакцина против коронавирус, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Вакцините против рак звучат како утописки сон, но тие не се нов концепт. Технологијата на mRNA вакцина, иако многумина ја поврзуваат со Ковид-19, е пресвртница кога станува збор за истражување на вакцини во онкологијата.

Досега, имаше два главни пристапа кон вакцините против рак. Еден пристап вклучуваше вакцини кои се насочени кон специфични протеини кои се присутни кај голем дел од пациентите со одреден вид рак. Другиот пристап е да се персонализира вакцината за одреден пациент.

Но, новата студија открива трета опција: развој на вакцина која може да се комбинира со други лекови за неселективно лекување на рак. Со други зборови, универзална вакцина против рак.

– Оваа студија сугерира нов трет пристап. Она што го откривме е дека со користење на вакцина која не е дизајнирана да таргетира специфичен вид на рак, туку да стимулира силен имунолошки одговор, би можеле да предизвикаме многу силна антиканцерогена реакција. И затоа ова има значителен потенцијал за широка употреба кај пациенти со рак – дури и да доведе до готова вакцина против рак, вели Дуан Мичел, доктор на науки, коавтор на студијата.

Оваа нова студија се темели на пробивот постигнат минатата година во лабораторијата на д-р Сајур. Во првото клиничко испитување врз луѓе, вакцината со mRNA брзо го репрограмираше имунолошкиот систем да го нападне глиобластомот, агресивен тумор на мозокот со лоша прогноза. Меѓу најимпресивните наоди во испитувањето врз четири пациенти беше колку брзо новиот метод – кој користеше „специфична“ или персонализирана вакцина направена со користење на сопствените туморски клетки на пациентот – поттикна енергичен одговор на имунолошкиот систем за отфрлање на туморот.

Во најновата студија, истражувачкиот тим на Сајур ја адаптираше својата технологија за тестирање на „генерализирана“ вакцина со mRNA, слична на оние формулирани против Ковид-19, но со една клучна разлика – вакцините немаа специфична цел, туку беа едноставно дизајнирани да предизвикаат силен имунолошки одговор.

Експериментите вклучуваа глувци на кои им беа имплантирани туморски клетки за да се моделираат различни видови на рак: меланом, рак на коски и рак на мозок.

Кога се даваше во комбинација со лек наречен PD-1 инхибитор – кој е дел од новиот бран на имунотерапии за рак прогласен за „револуција“ – засилувањето на вакцината доведе до попозитивни резултати отколку што би се очекувало само со лекот. Додавањето на вакцината во режимот на третман овозможи Т-клетките да реагираат на тумор кој претходно се спротивставувал на третманот. Во некои од експериментите, формулата на mRNA сама по себе беше доволна за да се излечи ракот, а понекогаш туморот беше целосно елиминиран.

Д-р Сајур и неговите колеги забележаа дека употребата на mRNA вакцина за активирање на имунолошки одговори кои навидум не се поврзани со ракот, може да ги поттикне Т-клетките кои претходно не работеле да се размножуваат и да го убијат ракот ако одговорот поттикнат од вакцината е доволно силен.

– Ова потенцијално би можело да биде универзален начин за будење на сопствениот имунолошки одговор на пациентите со рак, смета д-р Мичел, кој го води Институтот за клинички и транслациски науки на Универзитетот во Флорида.

Земени заедно, импликациите од студијата се впечатливи. Потенцијално би можело да биде универзален начин за будење на сопствениот имунолошки одговор на пациентот на рак, вели д-р Мичел.

Резултатите, според него, покажуваат потенцијал за универзална вакцина против рак што би можела да го активира имунолошкиот систем и да го подготви да работи заедно со лековите за инхибитори на контролни точки за да го нападне ракот – или во некои случаи, дури и да работи самостојно за да го убие ракот.

Сега, истражувачкиот тим работи на поодбрување на вакцината и на тоа што побрзо да почнат пошироки клинички испитувања на луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангелов: Бројот на пожари висок, но досега успешно се справуваме, третиот „ер трактор“ во фукција на почетокот на август
Следна Статија Денеска навиваме за македонската гордост-Вардар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Колку протеини треба да јадете за да ослабете

Протеините често се нарекуваат градежен блок на животот, но тие исто така играат голема улога во губењето на тежината. Ако…

May 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во болницата во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од дискотеката „Пулс“, земени се мерки за изработка на компресивни маски за врат и лице

Во Општата болница во Кочани пристигнаа компресивните ракавици за повредените од катастрофланиот пожар во дискотеката „Пулс“ која работела со фалсификувана…

June 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Водата во Струмица не е безбедна за употреба

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри вода од 8 мерни места во рамки на…

October 16, 2024
ЗДРАВЈЕ

Над 46 отсто од мажите и 27 отсто од жените во земјава се никотински корисници

Статистичките податоци на Светската здравствена организација покажуваат дека нашата држава има висока стапка на пушење, односно над 46 отсто од…

June 2, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?