Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Добиле мито од милион евра: Градоначалникот на Тирана и неговата сопруга обвинети за корупција и перење пари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Добиле мито од милион евра: Градоначалникот на Тирана и неговата сопруга обвинети за корупција и перење пари
БАЛКАН

Добиле мито од милион евра: Градоначалникот на Тирана и неговата сопруга обвинети за корупција и перење пари

Објавено July 24, 2025 17:45
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, кој од 10 февруари годинава е во притвор и официјално е обвинет за корупција и перење пари. Тој беше запознат со обемното досие во кое се опфатени и неговата сопруга Ајола Џоџа и неколку бизнисмени и други лица.

Според Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК, Велиај и Џоџа, се обвинети за сложена шема за корупција и перење пари, каде што преку компании директно или индиректно контролирани од Џоџа, тие добиле мито од околу милион евра од бизнисмени кои добивале градежни дозволи.

Меѓу обвинетите е и пратеничката од редовите на владејачката Социјалистичка партија, Клотилда Бушка, која е обвинета за попречување на истрагата, бидејќи му се заканувала на друго лице да не сведочи во СПАК против Велиај и неговата сопруга.

Исто така членови на семејството и подредени на Ајола Џоџа се обвинети. Во проблеми со правосудниот систем е Фатјон Бачи, полицаец во затворот, на чиј телефон Велиај имал неколку разговори за време на транспортот од затворот во Драч, каде е во притвор, до Апелациониот суд.

Сведочењето на Бачи изнесе на виделина детаљ за интересите на Велиај, кој се обидувал да избега од затвор и да се кандидира за пратеник на изборите што се одржаа на 11 мај, со цел да избега од правдата.

Вкупно, во ова досие со околу 60 илјади страници, има 30 лица, компании и непрофитни организации.

Од самиот почеток Велиај ги негираше сите обвиненија, опишувајќи го судењето против него како „кафкијанско“, но неговите напори да ја врати слободата беа неуспешни.

Неуспешни беа и барањата за замена на затворскиот со поблага мерка доставени до неколку судски инстанци.

Велиај(46) градоначалник на Тирана беше во два мандата, член е на владејачката Социјалистичка партија а бил и министер социјална заштита.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украина ќе донесе војна во ЕУ, смета Сијарто
Следна Статија Алијансата за Албанците го обвини Азир Алиу дека не го почитува Преспанскиот договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Демонстрантите се обидоа да влезат во Собранието на Краљево, скршени стакла, турканици, повредени

Демонстрантите денеска се обидоа да влезат во Собранието на Краљево, a еден излета низ стаклото на вратата. При туркањето било…

February 19, 2025
БАЛКАН

Хашкиот трибунал ќе му суди на Шешељ во Белград за оддавање тајни

Хашкиот суд се подготвува за судењето на Воислав Шешељ во Србија. Судијата Брен Хинкс е назначен да ја застапува институцијата…

October 30, 2024
БАЛКАН

Српските студенти планирале да ја заземат контролата на летање на аеродромот во Белград

Српските студенти кои се под контрола на опоизицијата Студентски планирале терористички напад на аеродромот „Никола Тесла,“ а имале и свои…

April 8, 2025
БАЛКАН

Новата бугарска министерка за надворешни не нарече Северномакедонци

„Имавме добра прва средба со министерот за надворешни работи на Македонија (Тимчо Муцунски). Бугарија има јасно изразена позиција, која од…

May 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?