Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно
МАКЕДОНИЈА

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Објавено July 25, 2025 13:05
Сподели
Сподели

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски во врска со интерпелацијата што ја поднесоа шест пратеници од политичката партија Левица – Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев.

Според Коцевски, подносителите без никаков аргумент бараат негова одговорност и вели дека оваа интерпелација е политички, а не правно заснован инструмент, со кој само се овозможува упад во самостојноста на Јавното обвинителство.

„Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност. Затоа ќе одговорам детаљно и образложено на сите наводи и во оваа интерпелација, иако нејзиното поднесување во согласност со законот е недозволено и претставува само потврда за неоснованоста на нападите со кои се соочува институцијата со која раководам и кои во крајна линија се една од основните причини за ниска јавна доверба во правосудните органи воопшто. Воопштените и со ништо непоткрепени формулации од типот разноразни афери, низа скандали и хаотична состојба во начинот на функционирањето на Обвинителството, со кои подносителите без никаков аргумент бараат моја одговорност, само го потврдуваат фактот дека оваа интерпелација е политички, а не правно заснован инструмент, со кој само се овозможува упад во самостојноста на Јавното обвинителство“, вели Коцевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро
Следна Статија Нејмар во изненадувачки трансфер се враќа во Европа?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски и Сиљановска-Давкова на средба со Македонци кои живеат и работат во ОАЕ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Дубаи оствари средба со…

February 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.

Дека во светот на медицината повеќе не постојат граници и дека медицината во Македонија може да се мери со светски…

November 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија

Наша должност и обврска е заветот на светите браќа Кирил и Методиј и на нивните ученици да го посведичиме и…

May 25, 2026
BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Арсовска не ги ферма советниците, повторно не се појави на советнички прашања

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно не се појави на седницата на Советот каде што советниците требаа да и…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?