Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Грета Тунберг во посета на Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Грета Тунберг во посета на Тетово
МАКЕДОНИЈА

Грета Тунберг во посета на Тетово

Објавено July 25, 2025 16:22
Сподели
Сподели

Шведската еко-активистка Грета Тунберг во четвртокот престојуваше во Тетово, каде што го посети Општествено-културниот центар Тетово. Според објавата на организацијата, Тунберг имала можност да се запознае со нејзините локални активности и со заедничкиот волонтерски ангажман кој се реализира со поддршка од меѓународни партнери од Белгија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.

Во рамки на посетата, Тунберг заедно со претставници на организацијата ја разгледала и новата локација на центарот, а деновиве повеќе од стотина волонтери работеле интензивно на нејзино подготвување. Центарот најави отворање на новиот простор за сабота, со почеток од 18 часот.

Официјални информации за можни наредни активности на Тунберг во Македонија засега нема, па остануваат непотврдени шпекулациите дека таа би можела да присуствува и на настани во Скопје во текот на викендот.

Посетата на Тунберг доаѓа по неколку бурни денови на Балканот, каде што таа продолжува со својата активистичка агенда за поддршка на палестинскиот народ. Пред да пристигне во Македонија, Тунберг учествуваше на протест во главниот град на Албанија, Тирана, каде што на плоштадот Скендербег се обрати пред многу граѓани. Таа тогаш повика на итен прекин на израелската опсада врз Газа и остро ја осуди.

Само неколку дена претходно, Тунберг беше дел од хуманитарна мисија преку бродот „Мадлин“, кој се обиде да достави помош до цивилите во Газа. Израелските сили го пресретнаа бродот во меѓународни води, по што таа беше депортирана и испратена назад во Европа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Продолжуваме да се бориме за нашиот идентитет, да го повратиме распродаденото од националните предавства на претходната Влада
Следна Статија Пуштен во употреба нов булевар во Гевгелија вреден над 2 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ангелов „сонува“ за елитна единица, со пожарите се бори со воени возила и доброволци

Додека пожари беснеат во земјава директорот на ДЗС Стојанче Ангелов смета дека добро се справуваат со нив. Наместо интервентна единица…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата одобри 65 милиони евра за 274 проекти во 77 општини: Струмица, Град Скопје, Теарце и Сарај не ја поминаа евалуацијата

По извршената евалуација од страна на ресорните министерства, Владата соопшти дека одлучила оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Внимавајте од кого купувате возило: Откриени злоупотреби при увоз на половни автомобили, но и од плацеви

Царинската управа денеска презентираше неколку случаји поврзани со злоупотреба при увоз на половни возила, но и со автомобили од плацовите…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?