Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Околу 3.000 даночни обврзници немаат платено данок по ДПД-ГДП за 2024
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Околу 3.000 даночни обврзници немаат платено данок по ДПД-ГДП за 2024
ЕКОНОМИЈА

Околу 3.000 даночни обврзници немаат платено данок по ДПД-ГДП за 2024

Објавено July 25, 2025 19:45
Сподели
Сподели

Околу 3.000 даночни обврзници ја немаат подмирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава.

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека законскиот рок за достава бил до 30 јуни и ги повикува даночните обврзници да платат бидејќи во следниот период ќе почне со опомена и присилна наплата.

– Согласно евиденцијата на УЈП, Ве информираме дека 3.155 даночни обврзници ја немаат подмирено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава за данокот на личен доход ( „ДЛД-ГДП”) за 2024 година што требаше да се исполни ВО ЗАКОНСКИОТ РОК до 30.06.2025 година. Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овој основ што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03% дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата, се наведува во соопштението од УЈП.

Плаќањето може да се изврши само со налог ПП53, во спротивно уплатата нема да биде евидентирана во системот на УЈП, појаснуваат од УЈП.

Доколку погрешно е напишан фолио бројот во цел на дознака, уплатата нема да биде уредна и прокнижена во УЈП и ќе повлече дополнителни трошоци, административна такса и време за повторна уплата со точниот фолио број.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра
Следна Статија Грета Тунберг ќе се приклучи на утрешниот протест за спас на реката Дошница на Кожуф

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Синдикатот утре ќе ја блокира Стопанската комора

Протестите и блокадите пред институциите во државата утре ќе продолжат пред Стопанската комора на Македонија во центарот на Скопје. Како…

February 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Даночното затајување е предизвик на сите земји

Даночното затајување е предизвик присутен во сите земји, како во неразвиените, така и во развиените, затоа соработката помеѓу земјите и…

November 27, 2024

Пазар на кошници: Втора најдобра синџир на продавници за намирници во земјата

Истражувачки извештај открива импресивен успех на Market Basket во националното рангирање на продавници за намирници

January 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

По три години, од 3 мај летови Скопје – Барселона, стартува и авиолинијата за Лион

Меѓународниот аеродром Скопје од 3 мај се поврзува со Барселона и Лион. Летовите ќе ги реализира Виз ер со субвенции…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?