Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но правиме сѐ што е во наша моќ за да помогнеме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но правиме сѐ што е во наша моќ за да помогнеме
МАКЕДОНИЈА

Ристовски: Министерството за спорт не е организатор на ЕМОФ 2025, но правиме сѐ што е во наша моќ за да помогнеме

Објавено July 26, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Министерството за спорт не е организатор на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ 2025, ораганизатори на овој спортски фестивал што се одржува деновиве во Македонија се Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Град Скопје. Сѐ што беше побарано од нас како Влада и како Министерство за спорт во однос на логистика и финансиска поддршка, го исполнивме во целост за да помогнеме во одржувањето на овој спортски настан, појасни министерот за спорт Борко Ристовски во вчерашното гостување во Дневникот на МТВ.

Ристовски посочи дека државата преку Министерството за спорт финансиски го помогна одржувањето на ЕМОФ 2025 со над еден милион евра и ги стави на располагање дел од сместувачките капацитети во студентските домови во Скопје.

– Сите оние капацитети што ги има државата беа дадени на користење и сите оние барања кои беа доставени и од Град Скопје и од МОК ги исполнивме во целост. Ние како Влада и Министерство за спорт вложивме над еден милон евра за помош во организацијата на овој спортски фестивал, но тоа е само во делот на тоа што беше побарано од нас од страна на организаторите. Ние немаме апсолутно ништо со организацијата на ЕМОФ 2025, нити може да имаме затоа што не сме организатори. Во последен момент МОК и Град Скопје побараа поддршка од нас и помош и ние тоа во целост го исполнивме, истакна Ристовски.

Од 20 до 26 јуни во Скопје и во Куманово се одржува ЕМОФ 2025 на кој настапуваат над 4000 млади спортисти од 49 европски земји. Во изминативе денови имаше бројни реакции околу пропустите во организацијата на овој голем спортски настан најчесто упатени на погрешна адреса.

– Јас сум свесен за реакциите, но мора сите луѓе и јавноста да знаат дека оваа организација е добиена пред две години и дека ниту тогашната ниту актуелната Влада нема потпишано никаква согласност дека ќе даде поддршка за одржување на вакво големо натпреварување од светски карактер во Македонија. Ние како Министерство за спорт сме затекнати во оваа ситуација и она што можевме да направиме беше да помогнеме во тоа што беше побарано од нас, рече Ристовски.

Министерот за спорт нагласи дека вакви сериозни натпреварувања се организираат најмалку две години и дека организаторите мора навремено да ги опфатат сите аспекти за да нема посериозни пропусти.

– Ние пристапивме во таа помош во последните два месеци кога тоа беше побарано од нас. Владата одобри финансиски средства и помош за организација. Обезбедивме 50 автобуси што беа побарани од нас, обезбедивме 150 кревети кои беа побарани за да се стават во студентските домови за да бидат потполно опремени како што ни побараа организаторите, обезбедивме кетеринг за дел од делегациите и ги дадовме на располагање сите оние државни капацитеи во студентските домови без надоместок, истакна Ристовски.

– Ако мене ме прашувате, сите учесници на оваа спортска манифестација требаше да бидат сместени во хотели. Но за жал, за овој голем настан немаме доволно хотелско сместување. Сите оние капацитети кои организаторите ги побарале на време се резервирани, како што сум информиран 28 хотели се директно закупени во Македонија. А другиот дел од учесниците се сместени во студентските домови. Организаторите од нас побараа да ги обезбедиме тие капацитети и ние тоа го сторивме, дури во последне момент направивме и некои дополнителни корекции во рамките на временските можности, соопшти Ристовски.

Министерот за спорт истакна дека организација на една ваква голема спортска манифестација со толкав број млади спортисти носи голема одговорност и бара многу посериозен пристап, нагласувајќи дека настан од ваков формат треба да донесе бенефит за државата и за македонскиот спорт.

– Јас и претходно на еден состанок во Владата со претставници на МОК, кажав дека за ваква организација треба многу посериозен пристап и многу посериозен буџет од оној што организаторите го имале обезбедено. Бевме многу вниметелни во однос на тоа како настапуваме и што ќе биде нашата поддршка. Укажав дека на начинот на кој се постапува ќе има многу недостатоци во организацијата. Ситауцијата е таква каква што е. Ние во овој момент правиме сѐ што е во наша моќ да ги „подзакрпиме“ тие дупки што се настанати од организаторите. Мора да бидеме свесни дека настан од ваков формат треба да донесе бенефит за македонскиот спорт, прво и основно со самиот факт што на оваа европска спортска манифестација Македонија како домаќин е застапена со рекордни 181 спортист во сите 15 спортови, нагласи Ристовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Работници дневно извлекуваат по 3.000 евра од само една фонтана во Рим (ВИДЕО)
Следна Статија ЦУК: Во Македонија денеска активни се 29 пожари, од кои 10 се активни, а 16 се изгаснати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италијанската Република и на Ватикан и ќе ја предводи македонската…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за уставните измени: Нашите црвени линии ги дефиниравме, од тоа не се поместуваме ниту милиметар

Ние нашите црвени линии ги дефиниравме. И од тоа ниту ние, ниту кој било ќе се помести, ниту милиметар. Не…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Се сомневаме на саботажа во РЕК, МВР го испитува случајот, вели Мицкоски

Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола.…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Академик Урошевиќ: Во МАНУ се влегува со наука, не со етничка припадност

За МАНУ е потребен вредносен критериум, а не етничка припадност, вели академик Влада Урошевиќ за Телевизија 24. Потврдува, дека имало…

October 20, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?