Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските кошаркари ја совладаа Швајцарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските кошаркари ја совладаа Швајцарија
СПОРТ

Македонските кошаркари ја совладаа Швајцарија

Објавено July 26, 2025 11:35
Сподели
Сподели

Македонската машка кошаркарска репрезентација триумфираше вечерва над Швајцарија со 62-56 во првиот од двата контролни натпревари во рамки на подготовките за претстојниот старт во претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2027 година.

Почетокот на натпреварот во салата „НБ Ноел“ во Негорски бањи им припадна на швајцарските кошаркари кои обезбедија водството по првата четвртина од 15-11, а Македонија влезе во посакуваниот ритам на стартот од втората четвртина и на полувреме замина со предност од 36-30.

Македонија во 27 минута дојде до највисоки плус 20 поени разлика (57-37) и заслужено на крајот забележа победа во првиот од двата контролни натпревари против Швајцарија. Вториот натпревар е закажан за утре од 19 часот во Негорски бањи.

Митревски со 15 и Вајли со 13 поени беа најефикасни во редовите на Македонија.

Мундијалските претквалификации избраниците на селекторот Илиевски ќе ги почнат на 2 август на домашен терен против Романија. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цените на становите во Белград скокнаа до 167 проценти, нема квадратен метар под 1.000 евра
Следна Статија ВИДЕО: 20 автомобили со албански знамиња поминуваат патарина без да платат – ИТЕН НАЛОГ ЗА ПРОВЕРКА

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Мамукелашвили испиша историја во НБА лигата

Кошаркарите на Сан Антонио го совладаа синоќа Њујорк со 120-105 и ја забележаа третата победа во последните осум натпревари во…

March 20, 2025
СПОРТ

Порази на Црвена ѕвезда и Партизан на стартот на Евролигата

Новите екипи во кошаркарската Евролига Дубаи и Хапоел Тел Авив стартуваа со победи. Дебитантите кои ја имаа улогата на домаќини…

October 1, 2025
СПОРТ

Влатко Тасевски нов генерален секретар на РФМ

Доскорешниот спортски директор на македонските ракометни репрезентации Влатко Тасевски е назначен за нов генерален секретар на Ракометната федерација на Македонија…

March 28, 2025
СПОРТ

Со селфи од брзата помош Карвахал потврди дека ги скинал лигаментите

Реал го победи Виљареал со 2:0 во дербито од 9. коло во Примера, но победата има горчлив вкус поради повредата…

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?