Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Член на Надзорен одбор на банка доби кривична пријава: Користел инсајдерски информации за купување акции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Член на Надзорен одбор на банка доби кривична пријава: Користел инсајдерски информации за купување акции
МАКЕДОНИЈА

Член на Надзорен одбор на банка доби кривична пријава: Користел инсајдерски информации за купување акции

Објавено October 10, 2024 19:43
Сподели
Сподели

На ден 10.10.2024 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава против лицето Ф.Е. од Скопје, за сторено кривично дело „Измама при работењето со хартии од вредност и удели по чл. 275 ст. 3 од КЗ.

Пријавениот во својство на член на Надзорен одбор на банка од Скопје, злоупотребил внатрешна информација која се однесува на висината на дивидендата за 2023 година, која како член на надзорен одбор ја дознал во текот на 2024 година. На тој начин користејќи ja ценовно чувствителнaта информација истиот се стекнал со 500 обични акции, по просечна цена на чинење на акција од 16.400,00 денари или вкупно за акциите платил 8.200.000,00 денари.

Кривично пријавениот сензитивните информации ги пренел и на трети лица поточно на членови на негово потесно семејство со што истите ја искористиле информацијата на начин што купиле 701 хартија од вредност (акција) на банката, по цена пониска од цената која што ја достигнала хартијата од вредност (акција).

Односно за акциите биле вкупно платени вкупен износ од 11.520.967,00 денари, а овозможило да се стекнат со вкупна корист од 639.000,00 по основ на ценовната промена на акцијата како и вкупно 646.100,00 денари по основ на дивиденда. Со ова лицето Ф.Е прибавил противправна имотна корист за себе и за членовите на неговото семејство и на тој начин сторил кривично дело „Измама при работењето со хартии од вредност и удели по чл. 275 ст. 3 од КЗ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денес е 10.10. датум за кој нумеролозите тврдат дека е совршена можност за нов почеток
Следна Статија Лефков: Предлозите на СДС за затворени седници се несериозни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Ѓорѓиевски со букет цвеќе ја испрати Арсовска

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ѝ подари букет свежо цвеќе на досегашната градоначалничка Данела Арсовска на кусата…

November 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието в среда ќе гласа за предлогот Трајко Славески да биде нов гувернер

Во среда, 28 мај, ќе се одржи седницата за избор на гувернер на Народната банка (НБРМ). Според информациите објавени на…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стужанецот Коста со порака до синот на Бучковски: Се уште носам лузна од пендрек од специјалците што ни ги пушти татко ти

Стружанецот Коста кој бил дел од протестите во Струга за законот за децентрализација на Фејсбук му се обрати на синот…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

АХВ: Граѓаните од поплавените региони да внимаваат со храната и водата за пиење

Агенцијата за храна и ветеринарство издаде препораки и упати апел до населението во регионите каде има поплавување да води сметка…

November 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?