Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Турција измерени рекордни 50,5 степени – највисока температура во Европа досега
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во Турција измерени рекордни 50,5 степени – највисока температура во Европа досега
СВЕТ

Во Турција измерени рекордни 50,5 степени – највисока температура во Европа досега

Објавено July 26, 2025 13:47
Сподели
Сподели

Во округот Ширнак, југоисточна Турција, денеска се измерени 50,5 Целзиусови степени, што е највисока температура регистрирана досега на европскиот континент, јави турското издание „Туркије тудеј“,.

Во округот Ширнак, југоисточна Турција, денеска се измерени 50,5 Целзиусови степени, што е највисока температура регистрирана досега на европскиот континент, јави турското издание „Туркије тудеј“, повикувајќи се на податоци од Турската државна метеоролошка служба.

Температурата е измерена во областа Силопи и го надминува претходниот рекорд од 48,8 степени, поставен во Сицилија, Италија, во август 2021 година. Светската метеоролошка организација официјално го потврди италијанскиот рекорд во јануари 2024 по сеопфатна проверка на инструментите и податоците.

Претходно, рекордот го држеа Атина и Елефсина во Грција со 48 степени, измерени на 10 јули 1977 година, што беше потврдено од Светската метеоролошка организација кога го создаде својот архив на екстремни временски настани во 2007 година.

Според најновите метеоролошки податоци, температурите вчера ја надминаа границата од 40 степени на сенка во 31 округ во Турција, а во целата земја се регистрирани вредности за 6 до 12 степени повисоки од сезонскиот просек.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ферстапен го надмудри Мекларен и ја оствари првата спринт победа
Следна Статија Клековски: Се решава недостатокот на персонал во прилепската болница, се вработуваат 21 доктор и над 100 здравствени работници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во конфликтот меѓу Тајланд и Камбоџа на границата загинаа 11 лица

Најмалку 11 лица, претежно цивили, загинаа во денешниот судир меѓу армиите на Тајланд и Камбоџа на неколку места по должината…

July 24, 2025
СВЕТ

Трамп нареди две нуклеарни подморници да се преместат поблиску до Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил две нуклеарни подморници да бидат „позиционирани во соодветните региони“ како одговор на „многу…

August 2, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Кина го гради највисокиот мост во светот: Погледнете како ја „пресекуваат“ планината за автопатот

Кина „пресекла“ планина на половина за да изгради автопат што води до највисокиот мост во светот. Мостот Хуаџијанг Кањон во…

August 6, 2025
СВЕТ

Пукање во Москва, спречен терористички напад во последен момент-џихадистите спремиле автомобил полн со пропан, подготвиле и бомба

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) спречи терористички напад во близина на полициска станица во Москва, кој го…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?