Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сијарто за договорот со САД: Европската Унија е понижена и исмеана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Сијарто за договорот со САД: Европската Унија е понижена и исмеана
СВЕТ

Сијарто за договорот со САД: Европската Унија е понижена и исмеана

Објавено July 29, 2025 19:09
Сподели
Сподели

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, доживеала два значајни дипломатски порази во една недела, оценувајќи дека Европската унија станала „мета на понижување и исмевање во светската политика“.

Според унгарската агенција МТИ, Сијарто укажал на неодамнешната одлука на САД да ги зголеми царините на европска стока — од 2,5 на 15 отсто — како и на, како што рече, непријатно понижувачкиот прием што го имала Фон дер Лајен за време на посетата на Кина, каде што била „дочекана како турист, а не како официјален претставник на ЕУ“.

Тој ги критикуваше западноевропските лидери кои претходно остро зборуваа за американскиот претседател Доналд Трамп и кинеските функционери, тврдејќи дека сега ја плаќаат цената на тие изјави.

Коментарите за Трамп сега ѝ се удираат од глава на Европската унија. Царините растат, а ЕУ е понижена, наведе Сијарто, осудувајќи ги и лидерите кои, според него, ги поткопуваат мировните напори на САД.

Сијарто истакна дека, доколку не биле попречувањата од страна на Украина и западноевропските политичари, „решението за војната во Украина би било многу поблиску“. Тој ги поздрави директните разговори меѓу американскиот и рускиот претседател, велејќи дека „светот стана побезбедно место откако почна дијалогот“.

Тој заклучи дека Унгарија ќе остане безбедна и стабилна сè додека е на власт „национална влада“, додека предупреди дека доаѓањето на власти блиски до Брисел би можело да ја загрози таа стабилност

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И во Босна масовна емиграција како во Македонија: На последниот попис изгубила повеќе од 620.000 жители
Следна Статија Украле 500 милиони долари: Разбиена меѓународна хакерска мрежа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Голема акција против мафијата во Италија, Палермо под опсада, уапсени 130 лица

Околу 130 лица се уапсени во вторникот во Палера, поради изнуда, нелегално коцкање преку Интернет и недозволено поседување огнено оружје,…

February 12, 2025
СВЕТ

Руските медиуми за невидениот упад на дронови во Полска: Сè е измислено

Дописникот на Sky News од Москва, Ивор Бенет, ги опишува реакциите на руските медиуми на инцидентот со дроновите во Полска…

September 10, 2025
СВЕТ

Никушор Дан, новиот претседател на Романија – математичар во борба против корупцијата

Новиот претседател на Романија, проевропскиот центрист Никушор Дан, математичар школуван на Сорбона, има искуство како активист против неконтролираниот развој на…

May 19, 2025
СВЕТ

Постара жена сакала со бомба да го убие Нетанјаху

Една постара жена од централен Израел наводно била уапсена од Шин Бет (Израелска безбедносна агенција) под сомнение дека ќе се…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?