Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација
СВЕТ

(Видео) Силен земјотрес од 8,8 степени во Русија предизвика цунами, Јапонија и Хаваи наредија евакуација

Објавено July 30, 2025 08:37
Сподели
Сподели

Силен земјотрес со интензитет од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија евакуација.

Земјотрес со интензитет од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Петропавловск на Камчатка, а според првичните извештаи, има повредени, објавија руските медиуми. Првиот бран цунами ги погоди Курилските острови, а цунами високo 3-4 метри го погоди полуостровот Камчатка.

Гувернерот на регионот Сахалин, Валери Лимаренко, изјави дека жителите се евакуирани на повисоки места додека заканата од нови бранови целосно не помине.

Предупредувања за цунами и евакуација беа издадени и за Јапонија, Хаваи, Западниот брег на САД и други земји од Пацификот, објави АП.

Американскиот систем за предупредување од цунами, исто така, издаде предупредување за „опасен бран цунами“ за следните три часа. Бранови високи над три метри се можни по должината на некои брегови на Русија и Еквадор, додека бранови високи од 1-3 метри се можни во Јапонија, Хаваи, Чиле и Соломонските Острови, се вели во соопштението.

Тлото не се смирува, а по земјотресот се регистрирани и последователни потреси во истата област.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орце Ѓорѓиевски најави голема генералка за почисто Скопје
Следна Статија ДЕНЕС Е ОГНЕНА МАРИЈА: Ова никако не смеете да го правите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Терористот, уапсен од Американци, раскажал каква улога имал во масакрот во Москва

Мухамед Шарифулах, кој бил уапсен од САД под сомнение дека е одговорен за нападот на аеродромот во Кабул во 2021…

March 8, 2025
СВЕТ

(Видео) „На, на, на, еј збогум“ – Белата куќа критикувана поради видеото со миграцијата

Белата куќа се најде на удар на критики по објавувањето на видеото на кое се гледа депортацијата на илегалните мигранти…

April 7, 2025
СВЕТ

Германската разузнавачка служба ја класифицира АфД како екстремистичка партија што ѝ се заканува на демократијата

Германската разузнавачка служба денес ја класифицираше партијата Алтернатива за Германија (АФД), која го освои второто место на последните парламентарни избори,…

May 2, 2025
СВЕТ

Ученик во Германија нападнал наставничка со нож во стомакот, полицијата го застрела при апсењето

Весникот „Билд“, објавува дека 17-годишен ученик нападнал наставничка со нож во округот Нордвиртел во Есен. Наводно ја избодел во стомакот.…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?