Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се гради Меморијален парк на местото на модуларната болница во Тетово во спомен за жртвите од пожарот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се гради Меморијален парк на местото на модуларната болница во Тетово во спомен за жртвите од пожарот
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гради Меморијален парк на местото на модуларната болница во Тетово во спомен за жртвите од пожарот

Објавено July 30, 2025 17:43
Сподели
Сподели

Пред одделението за инфективни болести во Тетово ќе се гради меморијален парк во чест на жртвите од модуларната болница која беше зафатена од пожар. Министерот за здравство Азир Алиу и вицепремиерот за добро управување Арбен Фетаи, меѓу другото, нагласија дека овие жртви не треба да се заборават.

„Овој проект не е за да се покаже, овој парк не е украс! Тоа е, за жал, задоцнета одговорност која системот требаше да ја преземе од самиот почеток. Но денес конечно почнуваме, и тоа поинаку. Меморијалниот парк што го градиме не следи прави патишта, затоа што ниту животот не беше праведен со овие луѓе.“, порача Азир Алиу.

„До ден денес нема правда за жртвите, за семејствата на жртвите од трагедијата во Тетово, исто како што нема правда ни за жртвите и нивните семејства во други трагични случаи, како што беше случајот во Ласкарци и автобусот во Бугарија.“, вели Арбен Фетаи.

Идејата за изградба на меморијален парк првично дојде од „Иницијатива Нула“, која поднесе официјално барање до Општина Тетово. Предвидената локација за паркот се наоѓа до поранешната модуларна болница, бидејќи на местото каде што некогаш беше болницата, сега има зонски паркинг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски: Сите вработени со договор на дело по болниците во земјава ќе бидат вработени
Следна Статија Кремљ за земјотресот: Се покажа дека зградите се отпорни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Што ќе биде најатрактивно – Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување

Од денеска до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година…

June 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Потребно е да се видат и цените во аптеките и во продавниците за бела техника

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување на пратенички прашања рече дека состојбата која ја затекнале…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат

Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат од државата, полека се враќаат, изјави попладнево премиерот…

December 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шамбевски: Присуството и обраќањето на CPAC, победа на Мицкоски и Македониј

Најголемата победа не е кога ќе ги замолчиш оние што се сомневаат, туку кога ќе докажеш колку биле во заблуда…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?