Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Запленети кокаин и канабис во вредност од 2,7 милиони евра на грчко пристаниште
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (ВИДЕО) Запленети кокаин и канабис во вредност од 2,7 милиони евра на грчко пристаниште
БАЛКАН

(ВИДЕО) Запленети кокаин и канабис во вредност од 2,7 милиони евра на грчко пристаниште

Објавено July 30, 2025 18:08
Сподели
Сподели

Канабис и кокаин во вредност од 2,7 милиони евра заплени грчката крајбрежна служба на пристаништето во градот Игуменица.

Дрогата била откриена со помош на куче душкач, складирана во камион што со траект пристигнал од Италија.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека немало посебна акција, туку дека дрогата била пронајдена во рамките на редовните проверки што ги вршат. Полицијата уапси 52-годишен грчки државјанин.

„По извршена проверка на камион со полуприколка, кој бил истоварен од патнички траект што пристигна од пристаниште во Италија, по укажување од кучето за откривање дрога на крајбрежната служба, Влад, беше откриена палета со осум картонски кутии внимателно сместена во легалниот товарен простор“,стои во соопштението на крајбрежната служба.

Во кутиите имало 30 импровизирани пакети со преработен канабис (хашиш) со вкупна бруто-тежина од 15 190 килограми, како и 56 херметички затворени пакети со суров канабис (сканк), со вкупна бруто-тежина од 60 890 килограми и десет плочи со кокаин со вкупна бруто-тежина од 11 300 килограми.

Грчките служби ќе ја продолжат истрагата за откривање кому била наменета дрогата во Грција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова се пријавените кандидати за народен правобранител
Следна Статија СДСМ: За младите на олимпијада немало пари ама имало за ПР агенции на власта, Борко да си поднесе оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Софија останува на своите позиции: Уставните измени се услов за напредок кон ЕУ

Бугарија останува цврсто на своите позиции во однос на евроинтегративниот процес на Македонија, откако шефицата на бугарската дипломатија, Велислава Петрова,…

May 30, 2026
БАЛКАН

(Видео) Падна дел од фасадата на зграда на главниот плоштад во Загреб

Парчиња од фасадата од предниот дел на зградата паднале на плоштадот Бан Јелачиќ,објави порталот „Индекс“. Полицијата ја опколила областа, а…

November 23, 2024
БАЛКАН

Пет земји членки на ЕУ предлагаат постепена интеграција на Западен Балкан во единствениот пазар

Пет земји членки на Европската Унија предложија „активна и систематска“ постепена интеграција на земјите од Западен Балкан во главните сектори…

May 20, 2026
БАЛКАН

Oд утре нови такси за туристите во Грција

Грчката влада воведува нова задолжителна такса за патниците на бродови за крстарење што ги посетуваат грчките пристаништа. Целта на оваа…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?