Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се носи одлука за избор на народен правобранител, ќе се распише и оглас за претседател на ДКСК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се носи одлука за избор на народен правобранител, ќе се распише и оглас за претседател на ДКСК
МАКЕДОНИЈА

Ќе се носи одлука за избор на народен правобранител, ќе се распише и оглас за претседател на ДКСК

Објавено July 31, 2025 08:42
Сподели
Сподели

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе утврди предлог одлука за избор на Народен правобранител.

Изборот на нов претседател на ДКСК би можел да се поклопи со распишувањето на локалните избори на 8 август, а претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски за МИА вели дека ќе се бара мислење од ДКСК за пречекорување на овој датум. -Важно ни е да го почитуваме законот, но исто така сакаме ДКСК да има претседател бидејќи во октомври има локални избори, потенцира Сајкоски.

Комисијата треба да донесе предлог-одлука за избор на нов Народен правобранител, за огласот кој заврши во саботата, а се пријавиле 17 кандидати. Според информациите од собраниските служби, меѓу нив се актуелниот заменик правобранител Илбер Руфати, шефот на кабинет на претседателот на Собранието Дритон Небиу, Доан Сулејмановски, Мухамед Ходаи, Фатон Селами и други.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре е и Утврдување Предлог – одлука за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ и Разгледување барање за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Седница денеска ќе одржи и Комисијата за за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на која на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, во второ читање. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Канада најави дека ќе ја признае Палестина
Следна Статија Активни три пожари и еден под контрола од вкупно 28 регистрирани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„ОД ПЛАМЕН ДО НАДЕЖ“, документарен филм за преживеаните од Кочани

Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани се одржува денеска во Скопје, а по…

March 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Вкупно 13 научни институти се затворени, а уште 13 се под силен мониторинг и допрва треба да се види колку…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за предизвиците со кои со соочува Македонија: Граѓаните да не се грижат!

Многу важно за нас е состанокот в недела за унгарскиот заем да заврши успешно, за да почнеме со користење на…

November 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје

Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?