Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гостиварец доби кривична пријава: Од лажен профил објавувал фотографии од девојки и текстови со сексистичка содржина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Гостиварец доби кривична пријава: Од лажен профил објавувал фотографии од девојки и текстови со сексистичка содржина
ХРОНИКА

Гостиварец доби кривична пријава: Од лажен профил објавувал фотографии од девојки и текстови со сексистичка содржина

Објавено July 31, 2025 17:15
Сподели
Сподели

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР, по неколкумесечна истрага, го расчисти случајот во кој приватни фотографии на девојки од Гостивар, придружени со текст со вулгарна содржина, беа јавно споделени на лажен профил на социјална мрежа Инстаграм на 28.02.2025. Имено, по преземени мерки, Секторот за компјутерски криминал го откри и пронајден сторителот и К.Н.(27) од Гостивар, по што против него, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, казнивo по член 149 од Кривичниот законик.

Пријавениот К.Н., на 28.02.2025 креирал и лажен профил на социјалната мрежа и од профилот објавил постови со фотографии од шест девојки од Гостивар, кои ги набавил без нивна согласност од нивни приватни профили на социјална мрежа. Исто така, злоупотребените лични податоци од пријавителките биле надополнети со текстови со навредлива содржина упатувајќи им јавни навреди од сексистичка природа.

По преземени истражни мерки и добиени податоци, лицето било повикано на службен разговор во Полициската станица Карпош, каде што го признал делото, по што му е поднесена пријава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прва средба на гувернерот Славески со ИФЦ – соработка за унапредување на дигиталните финансии и финансиската вклученост
Следна Статија Mицкоски: Стратешка грешка беше прифаќањето на т.н. Француски предлог

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пронајдена почината жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица

Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица. Веста за…

December 24, 2025
ХРОНИКА

Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се…

October 9, 2025
ХРОНИКА

Загина 19-годишен мотоциклист по тешка сообраќајна несреќа

Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на крстосницата од булеварот „Никола Карев“…

May 30, 2026
ХРОНИКА

ВНИМАВАЈТЕ НА ВАКВИ ИЗМАМИ: Старица останала без 20 000 евра

На 07.08.2025 во 21:00 часот во СВР Тетово, 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?