Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски со честитка за Илинден: Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски со честитка за Илинден: Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка за Илинден: Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност

Објавено August 2, 2025 10:10
Сподели
Сподели

Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност. Илинден е вистината за Македонија која живее.

Тоа не е само историја – тоа е жив идентитет, потсетник на стремежот за слобода, правда и сопствена држава. На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ја започнаа нашата борба за самостојност и достоинство.

Тој стремеж денес е остварен, но не и завршен. Затоа, Илинден не е само повод за чествување, туку и за одговорност. Одговорност што ја имаме како народ и граѓани, но особено како институции, да го продолжиме патот започнат во Крушево и потврден во АСНОМ, со работа, чесност и грижа за иднината.

Како Влада, свесни сме дека довербата на граѓаните е обврска што се оправдува со резултати. Затоа сме посветени да ја направиме Македонија држава на можности – праведна, безбедна и просперитетна, со силни институции што ќе бидат на страната на граѓаните. Оваа генерација политичари има должност да покаже дека може подобро. И ќе покаже!

Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите. Да извлечеме сила од историјата и да ја претвориме во иднина. Да ја продолжиме борбата, но со знаење, визија и одговорност.

Нека е вечен Илинден!

Нека е жива и вечна Македонија!, се наведува во честитката на премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Историски рекорд на Царината, за еден месец собрани над 12,6 милијарди денари
Следна Статија Илинденско послание на г.г. Стефан: Без духовна не е можна и национална слобода, мудро да ги чуваме придобивката од трите Илиндена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска комисија

Во следните 10 дена кандидатите кои имаат намера да ја предводат Државната комисија за спречување на корупцијата и судирот на…

August 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите!

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нов „Марш за ангелите“ во Кочани

Попладнево во Кочани нов „Марш на ангелите“, на семејствата и роднините на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. - Ова…

November 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија формирана од министерот за здравство од утрово прават увид во Универзитетската клиника…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?