Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нападнати полицајци на базенот во Виница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Нападнати полицајци на базенот во Виница
ХРОНИКА

Нападнати полицајци на базенот во Виница

Објавено August 3, 2025 16:21
Сподели
Сподели

Двајца полициски службеници биле физички нападнати при вршење контрола на угостителски објект во Виница, каде затекнати биле и малолетници со алкохол, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од 23:50 часот синоќа до два утрово, постапувајќи по претходно подготвен план, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Штип во содејство со инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот пазарен инспекторат, Трудовиот инспекторат, Управата за јавни приходи и Центарот за јавно здравје – Кочани, извршиле контрола во Градскиот базен во Виница.

– Притоа, легитимирани се 19 лица, а извршен е преглед врз осум лица, а од страна на полициските службеници во објектот беа затекнати и три малолетни лица, од кои две на 16-годишна возраст од Виница и едно на 14-годишна возраст од Кочани, како консумираат алкохолни пијалаци. Известен е јавен обвинител од ОЈО – Кочани и по негови насоки, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на деца“ по член 204 од КЗ на РСМ, од лицата, во присуство на родител – старател, земени се изјави, материјал за анализи и извршено е алкотестирање, појаснија од МВР.

При вршењето на контролата од страна на У.М., 34-годишно лице од Виница, прво вербално, а потоа и физички биле нападнати двајцата полициски службеници. Потоа, У.М. се дал во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

– Покрај ова и од страна на Државниот инспекторат за труд при контролата, констатирани се прекршоци во делот на нерегулирани работни односи на дел од вработените во угостителскиот објект, истакнаа од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
Следна Статија Млад полицаец се повредил при ракување со пиштол

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“, по десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската…

May 8, 2025
ХРОНИКА

МВР потврди: Уапсен е Раде Трајковски – Штекли, се обидел да избега

Министерството за внатрешни работи потврди дека Раде Трајковски Штекли е уапсен. -Во полициска акција лицето за кое прашувате по Наредба…

January 18, 2025
ХРОНИКА

17-годишно момче со десет убоди сакало да го убие својот татко, тој е во критична состојба

17-годишен малолетник е осомничен за обид за убиство на својот татко во семејниот дом на улицата Христијан Тодоровски Карпош во…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Судење за „Пулс“: Објектот немал каде да дише

Тимот вештаци од Градежниот факултет со жалење констатира дека од противпожарна заштита во објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс” биле…

July 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?