Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По 1.000 денари месечно за струја за ранливи потрошувачи, ќе има субвенции и за клима инвертери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > По 1.000 денари месечно за струја за ранливи потрошувачи, ќе има субвенции и за клима инвертери
ЕКОНОМИЈА

По 1.000 денари месечно за струја за ранливи потрошувачи, ќе има субвенции и за клима инвертери

Објавено August 4, 2025 18:35
Сподели
Сподели

Над 3.500 домаќинства од ранливи категории една година ќе добиваат по 1.000 денари субвенција на сметките за електрична енергија. Министерството за енергетика го објави огласот кој ќе трае до почетокот на септември. Планирано е да се потрошат 42,3 милиони денари. А право на поддршка имаат:

  • домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост
  • со најтешка телесна попреченост
  • потполно слепо лице и глуво лице
  • корисници на посебен надоместок заради попреченост со навршени 26 години

Критериум е месечните примања во минатата година да не им биле повисоки од:

  • 24.500 денари за едночлено домаќинство,
  • 42.000 денари за домаќинство со два члена,
  • 60.000 денари за домаќинство со три члена и
  • 80.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена, не сметајќи го посебниот надоместок согласно Законот за социјалната заштита

Лицата треба да се пријават 30 дена од објавувањето на огласот. Да поднесат пополнет образец кој го има на веб-страницата на Министерството заедно со:

  • Заверена изјава за точност на документите
  • Фотокопија од решението за додаток или надоместок за згрижување
  • Последна сметка за струја
  • Лична карта на апликантот
  • Доказ за членовите на домаќинството

Поддршката изнесува 1.000 денари месечно и ќе се одбива директно од сметката за струја. Помошта ќе се исплаќа 12 месеци.Од министерството напоменуваат дека со неплатени две последователни сметки за струја може да се укине поддршката.

Над 400 домаќинства добиваат помош со претходниот оглас со кој беа предвидени 6 милиони денари за две категории: домаќинства со деца со попреченост и згрижувачки семејства. Од Министерството најавуваат и нови огласи за други категории ранливи потрошувачи. А во пресрет на грејната сезона, ќе има  и субвенции за набавка на клими- инвертери. Наскоро ќе се знае кој и колку пари ќе може да добие и под кои услови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секое прваче во Кисела Вода ќе добие анатомски ранец и училишен прибор
Следна Статија ЦУК: Нема повредени лица и пријавени штети по невремето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Визер ја укинува линијата Скопје – Будимпешта

„Визер“ ја укинува авиолинијата Скопје-Будимпешта од 9 март 2025 година, a ова е седмата линија што компанијата ја повлекува во…

February 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Со есенската потрошувачка кошница ги стабилизиравме и ги намаливме цените

Есенската потрошувачка кошничка даде добри резултати. Направивме стабилизирање и одредено минимално намалување на цените за разлика од претходните години кога…

October 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец…

July 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Овие земји би можеле да бидат првите кои ќе го укинат кешот

Безконтактните плаќања не покажуваат знаци на забавување по пандемијата, при што земјите како Норвешка и Финска се приближуваат до безготовинските…

October 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?