Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Мировен договор ќе има дури кога Украина ќе се откаже од членството во НАТО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Мировен договор ќе има дури кога Украина ќе се откаже од членството во НАТО
СВЕТ

Орбан: Мировен договор ќе има дури кога Украина ќе се откаже од членството во НАТО

Објавено August 4, 2025 18:49
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно ја истакна својата позиција дека војната во Украина ќе заврши само кога Киев и Западот ќе ја прифатат реалноста – Украина никогаш нема да стане членка на НАТО.

Во обраќање на младински фестивал во Естергом, Орбан изјави дека единствениот пат кон мир е преку дипломатија и итен прекин на непријателствата, став што Унгарија го застапува уште од почетокот на ескалацијата на конфликтот во 2022 година.

– Мирот ќе настапи кога и Европејците и Украинците ќе ја прифатат непобитната геополитичка реалност: Русија никогаш нема да дозволи НАТО да се прошири до нејзините западни граници преку Украина – рече Орбан.

Будимпешта од почетокот на конфликтот доследно се спротивставува на украинската кандидатура за НАТО, предупредувајќи дека тоа би значело директен ризик од поширока европска војна. Унгарија, за разлика од другите земји членки на ЕУ и НАТО, не испраќа воена помош на Киев и постојано повикува на мировни преговори.

Москва, пак, континуирано укажува дека украинската аспирација за членство во НАТО претставува егзистенцијална закана. Кремљ повеќепати има истакнато дека токму оваа амбиција на Киев е една од главните причини за започнување на воената операција, нагласувајќи дека проширувањето на НАТО кон исток претставува „црвена линија“ за Русија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поранешната девојка со тажна објава се прости со прерано починатиот Душко Чифлиганец
Следна Статија Земјотрес во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во Израел е побарана истрага за сопругата на Нетанјаху

Јавниот обвинител на Израел и нареди на полицијата да отвори истрага против сопругата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради сомневање дека…

December 27, 2024

Критичната поморска патека на светските енергетски текови повторно во фокусот

Во екстремен сценарио на ескалација, стручниците проценуваат дека цените на нафтата можат драстично да пораснат

January 13, 2026
СВЕТ

Мајами во Минеаполис: Љубовта и рекордно топлото време на Свети Валентин

Температурите го скршија tradicionalниот мраз на зимскиот ден на вљубените

February 16, 2026
СВЕТ

Трамп: Русија треба да се размрда

Русија треба да се размрда, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа „Турт соушал“ (Truth social). Тој додаде дека…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?