Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тајната на долгиот живот? Три оброци, рутина и без драма – вели 114-годишна Јапонка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Тајната на долгиот живот? Три оброци, рутина и без драма – вели 114-годишна Јапонка
ЗАБАВА

Тајната на долгиот живот? Три оброци, рутина и без драма – вели 114-годишна Јапонка

Објавено August 5, 2025 10:08
Сподели
Сподели

Шигеко Кагава, 114-годишна пензионирана докторка од префектурата Нара, стана најстарата личност во Јапонија откако почина 114-годишната Мијоко Хиројасу, покажуваат податоците на јапонското Министерство за здравство, труд и социјална грижа, пишува „Асоушиејтед прес“.

Кагава, симбол на извонредна долговечност во Јапонија, дипломирала медицина пред Втората светска војна, работела во болница во Осака за време на војната, а подоцна ја водела семејната ординација како специјалист по гинекологија и акушерство. Во пензија заминала на 86-годишна возраст. Со 109 години, во пресрет на Олимписките игри во Токио во 2021 година, Кагава стана една од највозрасните носителки на олимпискиот оган во историјата.

Како што пренесе локалната телевизија „Ем-би-си њуз“, повикувајќи се на нејзиното семејство, таа не прави ништо посебно за да го одржи своето здравје. Се придржува до редовна рутина – легнува и станува во исто време, јаде мали порции, но секогаш има три оброка на ден.

Претходната најстара личност во Јапонија, Мијоко Хиројасу, исто така водела активен живот. Родена во 1911 година, таа студирала уметност во Токио, предавала во префектурата Хирошима и одгледала три деца. Починала во дом за стари лица во префектурата Оита, каде што деновите ги поминувала читајќи весници, цртајќи и играјќи карти.

И покрај општиот пад на бројот на жители, бројот на постари лица во Јапонија постојано расте. Заклучно со 1 септември 2024 година, рекордни 36 милиони луѓе – што е 29 отсто од населението – биле постари од 65 години, што е највисок процент на стари лица во светот. Лицата над 80 години сега сочинуваат 10 проценти од вкупното население, според податоците на Министерството за внатрешни работи и комуникации. Во цела Јапонија има 95.119 стогодишници.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија КОЛКУ ЧИНИ ДРЖАВЈАНСТВО ВО ЕУ? Секој што започнува живот во оваа земја плаќа 1.000 евра
Следна Статија ВИДЕО: Лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари качени на хауба добија пријави од МВР

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Kanye West повторно во центарот на скандал: Шокантни изјави на X!

Во последните денови, контроверзниот рапер Kanye West, познат и како Ye, повторно предизвика бурни реакции на платформата X (поранешен Twitter)…

February 10, 2025
ЗАБАВА

Полната Месечина носи пресврти, важни одлуки и нови почетоци за сите знаци

Овен Пред вас е викенд исполнет со енергија и силна желба за промени. На работен план може да добиете интересна…

May 30, 2026
ЗАБАВА

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Раперот Диди ја тепа пејачката Кеси и ја влече по подот- се појави целата снимка

Се појави вознемирувачка снимка од безбедносни камери од хотел во Лос Анџелес, на која јасно се гледа како музичкиот могул…

May 14, 2025
ЗАБАВА

Само Игор Џамбазов знае како со Слави Трифонов (ВИДЕО)

Лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов деновиве е актуелен по навредите кон претседателката на Македонија поради тоа…

June 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?