Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Навредите не се навивање“ – Силјановска Давкова со остар став за говорот на омраза на спортските терени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > „Навредите не се навивање“ – Силјановска Давкова со остар став за говорот на омраза на спортските терени
Blog

„Навредите не се навивање“ – Силјановска Давкова со остар став за говорот на омраза на спортските терени

Објавено August 5, 2025 14:16
Сподели
Сподели

По искажаната навивачка омраза, прво за време на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и ТНС, а потоа и на кошаркарскиот меч во Куманово – претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, се огласи со став на својот Фејсбук профил. Таа упати апел за искоренување на говорот на омраза на спортските терени и повика на воспоставување култура на почит, фер-плеј и воспитано навивање.

(Не)научена лекција
Во средината на јули, на мечот меѓу Шкендија и велшкиот шампион ТНС, со расистичките навреди на фудбалерот Арманд Оте, го шокиравме сиот спортски, но и поширок свет којшто со право запраша: Како е можно да се случи недоветен навивач емоционално да скрши врвен фудбалер до солзи, посегајќи по говор на омраза врз расна основа?
Срамот падна на сите: на домаќинот, на клубот, на присутните, на градот, на државата, на спортот! Логичниот заклучок беше: „Не смее да се толерира ваквото однесување на ниту еден стадион, во ниту еден спорт, никогаш и никаде“.

И… заради нашата, по кој знае кој пат, спортска неписменост, со право не стивнуваат реакциите на ужасниот инцидент на кошаркарскиот натпревар во Куманово, на којшто, неколкумина недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси и, пак, сме засрамени.

Неспортски е да се злоупотребува спортскиот терен за „вежбање“ говор на омраза, навредување и сатанизација со отровни убиствени зборови – проектили!

По толку изгубени човечки битки на спортските терени, мора да кажаме јасно и гласно: Никогаш повеќе, каде и да сме, со кого и да се натпреваруваме, нема да дозволиме спортскиот терен да прерасне во гладијаторска навивачка арена.
Се разбира, првата лекција „како се навива“ се учи дома, а по неа се нижат други: во градинка, во основно, во средно, на факултет, во клубот, на натпреварот, во публиката.

Можеби за почеток, пред секој натпревар, треба да се упати предупредувачка порака до гледачите да ги исклучат лошите мисли и пораки, како што тоа го прават со мобилните телефони, оти натпреварот не е битка до смрт, туку витешка борба до заслужена победа, дека од публиката се очекува бодрење, поддршка и охрабрување, а не навредување и повредување, дека треба да победи подобриот, но и да се почитува другиот, дека навивањето е награда, а не казна.
Да потсетам дека срамот не е само на оние чии зборови повредуваат, зашто ги погодуваат не само оние во салата или на теренот, туку и оние што ги гледаат и слушаат заради нивниот неограничен домет.

Мора да ѝ се спротивставиме на навивачката омраза, да го култивираме и да го облагородиме навивањето, да учиме и да научиме како се навива, односно како не се навива, да ја засилиме битката против предрасудите и судири меѓу „ различните“, мора да се запознаеме и познаваме, мора да спречиме излив на омраза, да реагираме навреме, да лечиме дела од омраза, да ја санкционираме!

Страсното навивање никогаш не е навредливо и агресивно. Ни треба азбука на навивањето како спортско уживање, навивачко описменување, оти Пирова е спортската победа ако е проследена со физичка или говорна агресија!

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Лицата кои дивееја со автомобил по скопските булевари качени на хауба добија пријави од МВР
Следна Статија Њукасл ја зголеми понудата за Шешко на 90 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Хонда и Нисан се спојуваат во нов гигант во автомобилската индустрија

Јапонските производители на автомобили Honda и Nissan ги објавија плановите за спојување, што ќе ги направи трета по големина компанија…

December 23, 2024
Blog

Колку навистина е скап животот во Германија? Ова се шесте најскапи потрошувачки навики, а Германците трошат илјадници евра за нив

Со годишна приватна потрошувачка од околу 1,6 трилиони евра, Германците трошат многу повеќе пари во споредба со ЕУ. nВи ги…

January 26, 2025
Blog

АЕК планира приходи од 572 милиони денари

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) планира приходи во износ 572.550.000 денари во 2025 година, за 31,02 проценти помалку во однос…

December 13, 2024

Linux 7.0-rc2 Released: “So I’m Not Super-Happy With How Big This Is” – Phoronix

The second weekly release candidate of Linux 7.0 is now available for testing.

March 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?