Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осуденик во Бардовци со стаклено шише усмртил друг осуденик, а пред 13 години во Неготино си ја убил и својата мајка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Осуденик во Бардовци со стаклено шише усмртил друг осуденик, а пред 13 години во Неготино си ја убил и својата мајка
ХРОНИКА

Осуденик во Бардовци со стаклено шише усмртил друг осуденик, а пред 13 години во Неготино си ја убил и својата мајка

Објавено August 5, 2025 20:06
Сподели
Сподели

Утрово во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, еден осуденик усмртил друг, со удари со стаклено шише, соопштуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско. Притоа, од ударите со стаклено шише И.С. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот. Имено, Д.С. е осудено лице за сторено кривично дело „убиство“, додека И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во соопштението на МВР.

Д.С. е осуден за убиство на неговата мајка во 2012 година, која ја усмртил со повеќе убоди во вратот, стомакот и градите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џен од Алжир е девојчето најдено мртво на плажа во Грција, мајката е обвинета за убиство со умисла
Следна Статија ChatGPT на OpenAI, Gemini на Google и Claude на Anthropic се додадени на списокот на одобрени добавувачи на вештачка интелигенција за владата на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Елитна проституција со Бразилки во Скопје

По спроведена истражна постапка, денеска предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот…

May 26, 2025
ХРОНИКА

Починато лице пронајдено во близина на пожар

Од страна на полициски службеници од ОВР Крива Паланка денеска во близина на пожар во с. Лозаново, кривопаланечко било пронајдено…

July 9, 2025
ХРОНИКА

Заклучена и испрскана во очи со средство за чистење: Вработена доживеала хорор во велешката болница

Вработена во здравствена установа во Велес преживеала вистински хорор на своето работно место, откако колега ја заклучил во просторија, ја…

October 28, 2025
ХРОНИКА

Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена во Батинци

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?