Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МПЦ-ОА oснова уште една фирма за бизнис со струја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МПЦ-ОА oснова уште една фирма за бизнис со струја
МАКЕДОНИЈА

МПЦ-ОА oснова уште една фирма за бизнис со струја

Објавено August 6, 2025 11:38
Сподели
Сподели

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и австралиската компанија „Пела глобал лимитед“, од Перт, почнаа бизнис-соработка преку фирма што заеднички ја основаа.

Како што е објавено е на Централниот регистар, дејноста на фирмата „Константин енерџи“ е производство на енергија од обновливи извори.

Според податоците од регистарот, фирмата е основана со паричен влог од 5.000 евра.

Директор е Aвстралиецот со македонско потекло, Николче Јовановски. Тој е еден од директорите на „Пела глобал лимитед“, фирма која работи на проекти за рударство и обновлива енергија низ Југоисточна Европа.

Во кратката биографија за Јовановски пишува дека течно говори македонски, член е на дијаспората и клучен за успехот на „Пела глобал лимитед“ како нејзин основач и извршен директор уште од нејзиното основање.

На страницата на „Пела глобал лимитед“ стои дека стратегија на оваа компанија ѝ се: унапредувањето и развојот на проектот за рестартирање на рудникот за кристалот антимон, во Крстов Дол, кај Крива Паланка и проектот за пронаоѓање злато кај кривопаланечко Луке.

Ова не е прв влез на МПЦ-ОА во енергетскиот сектор.prizma.mk)

Во 2020 година МПЦ-ОА заедно со три физички лица и друштвото „Мелничко-пекарска индустрија Жито Караорман“, ја основаа хидроцентралата „Драгов дол“ од Кичево.

Две години подоцна, во 2022, МПЦ-ОА влезе како содружник во фирмата „Тринити солар“, која исто така е регистрирана за производство на струја.

Покрај бизнисот со струја, најголемата верска заедница во Макеоднија, заедно со „Мега фешн“ ја основаа фирмата „Обновители“, со која ги градат новите згради спроти хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

Базата на БИРН „Верски имоти под лупа“, покрај регистрираниот верски имот, откри дека МПЦ-ОА, освен храмови и манастири, поседува и завидна бројка станови, деловни простории, обработливи површини и туристички капацитети. Некои од нив ѝ носат заработувачка од закуп (prizma.mk)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хирошима: 80 години од првата атомска бомба во светот која уби над 100.000 луѓе
Следна Статија Српска туристка се удави на Лефкада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Новиот државен обвинител ќе треба да ја врати довербата, народот е жеден за правда

Да ја врати довербата во институцијата Јавно обвинителство, да се зафати со темелна и напорна работа, а во иднина и…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски за ТВ Франс 24: Два паневропски коридори се сечат источно од Скопје – уникатен случај во југоисточна Европа

Коридорите 8 и 10 се економски и стратешки многу важни за Македонија и затоа влеговме во голем инвестициски циклус за…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Средба Муцунски – Џејмисон Грир: Постигнавме конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите

За време на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на неговиот Фејсбук профил…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?