Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Туристите „полудеа“ по оваа рајска дестинација: Цените се неверојатни – ноќевање 15 евра, оброк 1,5 евро… (ФОТО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Туристите „полудеа“ по оваа рајска дестинација: Цените се неверојатни – ноќевање 15 евра, оброк 1,5 евро… (ФОТО)
ЗАБАВА

Туристите „полудеа“ по оваа рајска дестинација: Цените се неверојатни – ноќевање 15 евра, оброк 1,5 евро… (ФОТО)

Објавено August 6, 2025 13:58
Сподели
Сподели

Поради тоа што цените во популарните европски летувалишта вртоглаво растат, сѐ повеќе туристи од регионот се одлучуваат за некое подалечно патување, а еднакво атрактивно.

Меѓу нив во последните години се издвојува Мароко – земјата која ги спојува егзотиката, богатата култура и пристапните цени.

Во споредба со европските крајбрежја, каде просечниот летен одмор е сериозен финансиски потфат, Мароко нуди луксуз по пристапни цени.

За оние кои сакаат нешто поразлично, песочни плажи на Атлантикот, арапска култура, пустински пејзажи и феноменална кујна, оваа земја на северот од Африка станува неодолива алтернатива.

Што нуди Мароко?

Атлантското крајбрежје е идеално за сончање, сурфање и релаксација, додека пак тамошните градови се хит меѓу младите, дигиталните номади и авантуристи. Љубителите на планините се одлучуваат да се искачат на Тубкал, највисокиот врв во северна Африка, додека пак легендарниот „син град“ Шефшауен е вистински магнет за туристите.

Колку навистина чини летување во Мароко?

Искуството од патниците од Балканот покажува дека сместување со појадок и приватен тоалет може да се најде и за 10-15 евра од ноќ.

Хрватка платила луксузен апартман во Есауири, 600 евра за седум ноќи, а во Хрватска за истите пари одвај би платила за три ноќевања.

Храната? Вечера во локалните ресторани за 2-4 евра. Свеж сок од морков или уличен оброк за 1,5. Слатки и чај за помалку од 2 евра.

Туристите го фалат тоа што во помалите ресторани не прават разлика меѓу локалните жители и странците, сите плаќаат исто, а порциите се навистина обилни.

Совети за патниците:

– Купете си СИМ картичка во градот (не на аеродромот) – 2 евра за 2GB интернет;
– Резервирајте сместување на 7-10 дена однапред за подобра цена;
– Избегнувајте хотели покрај аеродром, центарот нуди подобра атмосфера и пониски цени;
– Уличната храна е безбедна и автентична, но и многу пристапна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД може да бараат депозити до 15.000 долари за одредени туристички и бизнис визи
Следна Статија Почина професорот, научник и книжевен преведувач Владимир Цветковски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(Видео) Џејми Оливер го отвори првиот ресторан во Црна Гора

Џејми Оливер, еден од најпознатите светски готвачи, го отвори својот прв ресторан во Црна Гора – во луксузниот комплекс Бока…

June 9, 2025
ЗАБАВА

БМВ М5 со години бил заборавен во гаража на напуштена луксузна вила- проработе (ВИДЕО)

Во САД во гаража на напуштена вила вредна околу 1,5 милиони долари е откриен BMW M5 E34. Вредната класика ја…

January 7, 2025
ЗАБАВА

Необично пријателство во Гевгелија: Штркот Мишко е маалско милениче, а неговиот најдобар другар е кучето Мицка

Во Гевгелија, постои штрк кој стана маалско милениче, штрк кој успеал да се зближи со луѓето, но и животните од…

April 29, 2025
ЗАБАВА

Пет имиња го парализираат ChatGPT: „Не можам да одговорам“

Има имиња кои кога пишувате ChatGPT, само добивате повратна информација дека овој четбот во моментов не може да ви даде…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?