Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ако не предложи Владата кандидати за судот во Стразбур, македонски судија продолжува да биде баџанакот на Мијалков
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ако не предложи Владата кандидати за судот во Стразбур, македонски судија продолжува да биде баџанакот на Мијалков
МАКЕДОНИЈА

Ако не предложи Владата кандидати за судот во Стразбур, македонски судија продолжува да биде баџанакот на Мијалков

Објавено August 6, 2025 14:10
Сподели
Сподели

Ако задоцни Владата со процедурата за избор на македонски судија во Европскиот суд за човекови права и слободи (ЕСЧПС), што е извесно поради одолговлекување и поништување на претходниот оглас без образложение, судија продолжува да биде Јован Илиевски пишува СДК. Правилата се такви, до изборот на нов судија продолжува тој на кој му истекол 9-годишниот мандат, а ако не сака, тогаш се одредува ад хок од судиите од другите земји.

Илиевски беше шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во времето на Никола Груевски и баџанак на тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков. Стана шеф на Обвинителството за организиран криминал во време кога немаше Совет на јавни обвинители. Во времето на Илиевски немаше ниту една истрага за корупција против власта на ВМРО-ДПМНЕ, поради што се формираше Специјалното јавно обвинителство.

На Илиевски мандатот како судија во ЕСЧПС во Стразбур му истекува на први февруари 2026 година. Министерството за надворешни работи во март распиша оглас за избор на кандидати за македонски судија во Европскиот суд за човекови права и слободи и до мај избра и до Владата предложи тројца кандидати што исполнуваат услови: обвинителката Ленче Ристоска, апелационата судијка Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски.

На кандидатите им беше нејасно зошто Владата не ја праќа листата до Советот на Европа за да тече таму процедурата и проверката преку интервјуа. Дури на крајот на јули Ристоска, Гајдова и Апостолски дознаа од интернет-портали дека Владата решила ниту еден од нив не ги исполнува условите и оти воопшто листата не била испратена до Стразбур.

По ова јавно се побунија Гајдова и Ристоска бидејќи Владата не ги известила воопшто. Тие не знаат кои услови не ги исполнуваат. До денеска немаат добиено некакво образложение, а МНР веќе формираше нова комисија.

Повеќе на СДК

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се воведува формално образование во здравствени установи, учениците на подолго болничко лекување повеќе нема да губат настава
Следна Статија Франција тоне во финансиска криза: Долгот на земјата расте за 5.000 евра секоја секунда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Охрид СОС: Оние на власт, бивши и сегашни допуштаат изградба на хотел во Горица на сметка на светското наследство

Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март пишува дека додека мисијата се…

March 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за интерпелациите на членови на Судскиот совет: Тие тотално го изгубија кредибилитетот пред граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да бидат изгласани интерпелациите за петтемина членови на Судскиот совет во Собранието, најверојатно на седница во…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нов обид на судиите и обвинителите преку Уставен да си обезбедат повисоки плати

Судиите и јавните обвинители во последен обид да добијат поголеми плати во 2025 година и покрај најавите на Владата дека…

December 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Патот кон ХЕЦ Козјак затворен поради голомразица

Надлежните служби ја информираат јавноста дека патниот правец кон ХЕЦ Козјак е затворен за сообраќај поради појава на голомразица. Се…

January 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?