Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шкупи не ги исполнил минималните услови за ВАР-системот, ќе мора да бара алтернативен стадион
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Шкупи не ги исполнил минималните услови за ВАР-системот, ќе мора да бара алтернативен стадион
СПОРТ

Шкупи не ги исполнил минималните услови за ВАР-системот, ќе мора да бара алтернативен стадион

Објавено August 6, 2025 14:56
Сподели
Сподели

Македонската прволигашка сцена новата сезона која стартува во петок (8 август) ја почнува и со имплементиран ВАР-систем кој за првпат се воведува во Македонија.

Домашните прволигаши ќе може да играат единствено на стадиони кои ги исполнуваат минималните услови за имплементација на ВАР-системот, а кои им презентирани претходно на клубовите и кои мораа да ги исполнат до стартот на сезоната.

Сепак, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на денешната презентација пред медиумите околу функционирањето на ВАР-системот, откри и дека стадионот на Шкупи во Чаир не ги исполнува минималните услови за ВАР, и покрај тоа што претходно од ФФМ било обезбедено се за негова имплементација.

„Веќе е се подготвено за имплементацијата на ВАР-системот, со тоа што сега се останува на клубовите. Но, Шкупи не го исполни својот дел од обврските, не се поставени платформи за камери и климатизирана просторија, што од поодамна им беше предочено на клубот. Минималните услови не се исполнети, што значи дека нема да добијат дозвола да играат на тој стадион. Ќе мораат да си бараат решение“ – истакна првиот човек на ФФМ.

ФФМ помош околу имплементација на ВАР доби и од Македонски Телеком, па на останатите стадиони се подготвено за старт на ВАР во Македонија.

Шкупи во првото коло од новата сезона во ПМФЛ гостува на Шкендија во Тетово. Но, за следното, второ, коло како домаќин ќе мора да бара алтернативен стадион.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови контроли на УЈП: 30 % од контролираните со неправилности, затворени четири субјекти
Следна Статија Сакале да пукаат кон скопјанец, па нападнале полицајци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Трансферот на Дуран најскап во преодниот рок , Сити потроши најмногу, Порто најмногу заработи

Заврши зимскиот преоден рок во најсилните европски и други светски лиги. Најскапиот трансфер го направи Ал Наср од Саудиска Арабија,…

February 5, 2025
СПОРТ

Не издржавме ни една минута: Турција води против Македонија

Македонија очајно го започна пријателскиот меч против Турција. Првимивме гол веќе во првата минута, а во 40-тата секунда домаќините ја…

June 1, 2026
СПОРТ

Браќата Жота ќе бидат погребани утре во родната Португалија

Португалскиот фудбалски репрезентативец Диого Жота и неговиот помлад брат Андре Силва ќе бидат погребани в сабота во родниот град Гондомар,…

July 4, 2025
СПОРТ

Дали Гатузо ќе го исполни ветувањето и ќе се исели од Италија?

- Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското…

April 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?