Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На седум години смислил друштвена игра и сега е милионер – планира да купи „ламборџини“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > На седум години смислил друштвена игра и сега е милионер – планира да купи „ламборџини“
ЗАБАВА

На седум години смислил друштвена игра и сега е милионер – планира да купи „ламборџини“

Објавено August 7, 2025 10:52
Сподели
Сподели

Алекс Батлер (15) од Сиетл стана милионер откако ја продаде друштвената игра „Тако наспроти Бурито“, која ја дизајнирал како седумгодишно дете, на големата американска компанија „Плеј Монстер“.

Неговата игра, во која се натпреварувате да го создадете највредниот оброк, стана глобален хит и се продаде во над 1,5 милиони примероци, објавува „Дејли меил“.

Алекс и неговите родители, Лесли Пирсон и Марк Батлер, минатиот месец одлучија целосно да ја продадат играта на познатата компанија со седиште во Висконсин.

„Никогаш не се врзав премногу за играта“, рече Алекс. „Не ми е толку важна. Само сакав да добијам што е можно повеќе пари од неа.“

Иако не се знае точно колку добиле, семејството потврди дека моментално работат на инвестирање на заработените пари. Алекс, сепак, не крие дека би сакал дел од парите да ги искористи за да купи луксузен автомобил.

„Би сакал да купам Ламборџини“, рече тој со насмевка.

Идејата за играта, како што вели Алекс, се родила сосема случајно, во период кога не сакал такос или бурито. Сепак, тој често играл игри со карти како „Exploding Kittens“ со своето семејство, што го инспирирало да смисли нешто свое.

Неговата мајка, исто така, започнала кампања „Го фаунд“, со која собрале 25.000 долари за краток временски период. Тоа било доволно за да започнат мал семеен бизнис наречен „Хот Тако Инк“, во кој Алекс бил мнозински сопственик.

Играта се појавила на „Амазон“ и станала веднаш хит. До крајот на истата година, тие заработиле речиси 1,1 милион долари. „Тако наспроти Бурито“ во еден момент била најпродаваната игра на „Амазон“.

Сепак, како што растела побарувачката, играта го надминала капацитетот на семејниот бизнис. Потоа решиле да најдат поголема компанија која ќе може да се справи со понатамошната дистрибуција.

Иако добиле неколку понуди во текот на годините, семејството се одлучило за „Плеј манстер“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
Следна Статија Кремљ: Путин прифати средба со Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

Во организација на Велосипедскиот клуб Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија денеска со почеток во 10 часот стартува премиерното издание…

May 17, 2025
ЗАБАВА

Во Венеција протести поради венчавката на милијардерот Џеф Безос

Милијардерот Џеф Безос и Лорин Санчез ќе го кажат судбоносното „да“ во Венеција - пред Бога и богата свадбена забава,…

June 27, 2025
ЗАБАВА

Здравко Чолиќ за Нова година ќе добие 120.000 евра, Цеца 20.000 помалку

Најголемите балкански звезди одамна ги закажаа настапите за Нова Година.Црна Гора е хит дестинација каде се очекуваат рекорден број туристи…

December 23, 2024
ЗАБАВА

Енди Мареј прави храна за мачки

Eнди Мареј по пензионирањето брзо пронајде нов пат во светот на ризичните инвестиции.. Во интервју за „Сандеј тајмс“, тој откри…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?