Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески: Со раст од 5 до 6% годишно, Македонија може да го преполови времето за конвергенција со ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески: Со раст од 5 до 6% годишно, Македонија може да го преполови времето за конвергенција со ЕУ
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Со раст од 5 до 6% годишно, Македонија може да го преполови времето за конвергенција со ЕУ

Објавено August 8, 2025 13:26
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за „Њузмакс Балканс“ истакна дека со одржливи стапки на економски раст од 5 до 6 отсто годишно, земјава може значително да го скрати времето потребно за економска конвергенција со Европската Унија – од неколку децении на 15 до 20 години.

„Според сегашните податоци, БДП по глава на жител кај нас е на ниво од 42% од просекот на ЕУ. За побрзо затворање на тој јаз е потребен значително повисок раст од европскиот. Само со повисоки стапки на раст може да се движиме кон економска конвергенција“, нагласи гувернерот Славески.

Тој појасни дека клучот е во структурните реформи и продуктивните инвестиции – особено во човечки капитал, технологија, образование, здравство и инфраструктура – што би овозможило раст над потенцијалот од околу 4% годишно.

„Ако успееме да остваруваме раст од 5 или 6%, што е амбициозно, но остварливо, ќе можеме значително побрзо да ја постигнеме економската конвергенција со ЕУ“, изјави Славески.

Гувернерот оцени дека, иако растот во првиот квартал бил предводен од потрошувачката, позитивните сигнали од инвестициите, извозот и индустриското производство укажуваат на можност за повисоки стапки на раст во следниот период, со напомена дека светските ризици и натаму се значаен фактор.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ТРАГЕДИЈА: Македонка се удави на Халкидики
Следна Статија Нови директори на клиниките за Кардиологија и Неврологија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет

Од петок, сите маркети, аптеки и продавници за техника и мебел ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи…

April 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Арнаудова-Стојановска: Расте штедењето во денари и на долг рок

„Заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем се покажаа како стабилна и отпорна база дури и во услови на зголемена…

February 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Одбележан Меѓународниот ден на руралните жени

Јакнењето на руралните жени е клуч за стабилен синџир на исхрана, отпорност на климатските промени и поправедна иднина, е заклучокот…

October 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Нашите политики даваат конкретни резултати, по 12 години лет Скопје – Амстердам

Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати. После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам, напиша…

March 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?