Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските кошаркари убедливо поразени на гостувањето во Унгарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските кошаркари убедливо поразени на гостувањето во Унгарија
СПОРТ

Македонските кошаркари убедливо поразени на гостувањето во Унгарија

Објавено August 9, 2025 21:05
Сподели
Сподели

Кошаркарската репрезентација на Македонија убедливо загуби на гостувањето во Унгарија со 96:58. Резултат по четвртини: 19:18; 34:19; 17:14 и 26:7.

Резултатот беше неизвесен само во првиот период кога противникот имаше предност од еден поен 19:18. Но, потоа играта на македонскиот тим се распадна пред се во одбраната кога унгарските кошаркари постигнаа 34 поени. И во третиот период предноста беше зголемена, а во последната четвртина Македонија постигна само седум поени.

Најефикасни на натпреварот беа Марсело Понго кај Унгарија и Џејкоб Вајли кај Македонија, двајцата постигнаа по 15 поени.

По трите одиграни натпревари во групата Македонија има два пораза и е на третото место на табелата. Романија е прва со две победи, а Унгарија има победа и пораз.

Македонија следниот натпревар го игра на 13.август во Орадеа против Романија на гостински терен.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Табановце има гужва, се чека по 40 минути за влез и излез од државата
Следна Статија Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора

Прославениот српски кошаркар Владе Дивац е опериран, откако доживеа сообраќајната несреќа во четвртокот во Црна Гора, јавија претпладнево српските медиуми.…

June 20, 2025
СПОРТ

Ѓорческа поразена во второто финале во 2025 година

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне до втората титула во 2025 година откако денеска е поразена во финалето…

August 10, 2025
СПОРТ

Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија во фудбал. Ова е епилогот од денешните реванш полуфинални…

April 24, 2025
СПОРТ

Трансферот на Арнолд во Реал, сепак, нема да биде бесплатен, Ливерпул бара посебна компензација

Трент Александeр-Арнолд официјално минатата недела објави дека го напушта Ливерпул, клубот каде што ја помина целата своја кариера. Веста означува…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?