Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија
МАКЕДОНИЈА

На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија

Објавено August 10, 2025 17:20
Сподели
Сподели

Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не во целост, ќе се полагаат на 12 и на 14 август.

Во вторник (12 август) ќе биде тестирањето по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а два дена подоцна (14 август) е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика).

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за двата испитни дена вкупно се пријавени 1118 ученици. Од нив, 352 ќе полагаат македонски јазик, 225 – албански јазик, девет – турски јазик. Англиски ќе полагаат 779, еден ученик ќе полага француски јазик, двајца – германски јазик, 27 – математика и еден матурант е пријавен да го полага испитот по естетика.

Според видот на образование, од гиманзиско ќе полагаат 265 ученици, средно стручно – 835 и 18 од средно уметничко образование. Испитите во августовскиот рок кандидатите ќе ги полагаат во простории на факултетите.

МОН и ДИЦ пред пет дена ги соопштија резултатите од спроведената државна матура во јуни кои се подобри од минатата учебна година. Посечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита во јунската сесија е 3.69 и е повисок од минатата година кога средната оценка беше 3.26. Поголем успех е забележан кај мајчините јазици и кај други предмети, а особено по математика за кој средната оценка е 4.14.

Пријавени за полагање во јунскиот рок беа 15 004 ученици. Поради обиди за препишување, употреба на електронски уреди и други неправилности, поништени биле тестовите на 172 ученици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кошаркарската репрезентација пристигна во Орадеа
Следна Статија Во Тетово и тетовско, приведени 30 странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Илинденска прослава во Овчарани: Македонскиот дух живее во Леринско (ВИДЕО)

Стихот ,,Жива била Македонија” од песната Бисер Балкански и десетици други македонски патриотски песни ечеа вчера во селото Овчарани на…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Предлог за нов министер за здравство најдоцна до 12 јуни

На денешната прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, доби прашање дали е познат предлогот за нов министер за здраvство.…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денеска до петок нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од денеска до петок во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално…

June 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Припадниците на БСС и ЕБР ја покажаа синергијата, квалитетот и професионалноста

Денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски…

October 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?