Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нов план на Грета Тунберг: „Ќе ја пробиеме израелската блокада“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Нов план на Грета Тунберг: „Ќе ја пробиеме израелската блокада“
СВЕТ

Нов план на Грета Тунберг: „Ќе ја пробиеме израелската блокада“

Објавено August 12, 2025 09:03
Сподели
Сподели

Кон крајот на месецов, од неколку медитерански пристаништа ќе испловат нови хуманитарни пловила — најголемите досега — со цел да ја „пробијат незаконската израелска блокада на Појасот Газа“, најави шведската еко-активистка Грета Тунберг, која ќе биде дел од патувањето.

„На 31 август започнуваме со најголемиот обид да ја пробиеме незаконската израелска блокада на Газа, со десетици бродови што ќе тргнат од Шпанија,“ објави 22-годишната Тунберг на својот профил на Инстаграм.

Таа најави дека на 4 септември бродовите ќе се сретнат со „уште неколку десетици“ пловила од Тунис и други пристаништа, а истовремено ќе бидат организирани протести во повеќе од 44 земји.

Иницијативата, наречена „Глобална Сумудска флотила“ — од арапскиот збор сумуд, што значи истрајност или отпор — ќе обедини голем број хуманитарни работници, лекари и уметници. Меѓу нив се американската актерка Сузан Сарандон, шведскиот актер Густаф Скарсгард и ирскиот актер Лиам Канингем.

Ова ќе биде втор обид на младата Швеѓанка да стигне до Газа. Првиот беше спречен од израелската војска на 185 километри западно од брегот, во ноќта меѓу 8 и 9 јуни, кога специјалци се качија на едрилицата „Мадлен“ и уапсија 12 активисти од Франција, Германија, Бразил, Турција, Шпанија и Холандија, кои потоа беа депортирани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Штедачите на „Еуростандард банка“: Пет години нема ниту едно обвинение, ниту еден обвинет, ниту едно рочиште
Следна Статија Момче се капе во фонтана кај Градски парк (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бучавата на генераторите во Сан Франциско: Предизвик за заедницата

Жителите на еден град се соочуваат со предизвици по големиот прекин на струјата, истакнувајќи ги влијанијата на привремените решенија

December 28, 2025
СВЕТ

Снимката од синот на Илон Маск додека го изговара своето име („X Æ A-12“) го „сруши“ интернетот

Едно од дванаесетте деца на најбогатиот човек во светот, милијардерот Илон Маск, влета во кадарот додека неговиот татко даваше интервју…

November 22, 2024
СВЕТ

Трамп ја избра вереницата на својот син за амбасадорка во Грција

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја избра Кимберли Гилфојл, поранешна водителка на Фокс њуз и вереница на неговиот син Доналд Трамп помладиот,…

December 11, 2024
СВЕТ

Аеродромот Минхен повторно отворен по прекин во авиосообраќајот поради дронови

Аеродромот во Минхен утрово ја возобнови работата, откако сите полетувања и слетувања беа стопирани во текот на изминатата ноќ поради…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?