Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сузбиени 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 лице во период од една година, извести МВР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Сузбиени 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 лице во период од една година, извести МВР
ХРОНИКА

Сузбиени 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 лице во период од една година, извести МВР

Објавено August 12, 2025 12:56
Сподели
Сподели

Справувањето со илегалната миграција е еден од врвните предизвици и приоритети во работата на Министерството за внатрешни работи, за што говори и статистиката на преземени дејствија и резултати во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година, велат од МВР.

„Во овој период сузбиени се 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 физички лица и 18 правни лица. Откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, на околу 430 лица. Спречени се 6.000 обиди за илегално транзитирање, што претставува намалување за речиси 50% во однос на претходниот период.

Во соработка со Европската агенција ФРОНТЕКС, Министерството за внатрешни работи спроведува континуирани операции за контрола на границите и справување со безбедносните ризици. Покрај миграцијата, откриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција (во вредност од над 16 милијарди денари), недозволена трговија со дрога, како и нови случаи на криумчарење мигранти поврзани со меѓународни криминални мрежи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал, како еден од стратешките приоритети за заштита на безбедноста и правниот поредок. Преку силната меѓународна соработка и решителните домашни акции МВР испраќа јасна порака дека за криминалот нема простор во нашето општество!“, се наведува во соопштението на МВР

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) „Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата“, вели Битиќи
Следна Статија Вилата за која опозициските портали лажат дека е на Мицкоски, всушност е во сопственост на државна институција во Хрватска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинителство со детали: Како е пронајдена огромна количина кокаин од групата на Штекли?

Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена…

February 11, 2025
ХРОНИКА

Тетовското јавно обвинителство нареди обдукција на телото на починатото седумгодишно девојче

Јавен обвинител од ОЈО Тетово издал писмена наредба за обдукција на телото на седумгодишното девојче од тетовското село Челопек што…

September 22, 2025
ХРОНИКА

„Палчо ја сликаше Вања да прати слики на фамилијата за да бара откуп, и потоа преку перница веднаш испука куршум во неа“, сведочи Манев

Еден од обвинетите за грозоморните убиства на Вања и Панче, Велибор Манев денеска даваше исказ во Кривичен суд за тоа…

March 12, 2025
ХРОНИКА

Двајца малолетници пријавени за исчезнати

На 12.07.2025 во 20:00 часот во Полициската станица Гази Баба, Л.Ш.(41) од с.Трубарево, скопско пријави дека од домот се оддалечил…

July 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?