Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Taравари: Законот за правична застапеност нема да биде само за етничката категорија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Taравари: Законот за правична застапеност нема да биде само за етничката категорија
ПОЛИТИКА

Taравари: Законот за правична застапеност нема да биде само за етничката категорија

Објавено October 12, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“, уште еднаш го повтори ставот дека е потребен Закон за правична застапеност. Тој рече дека „Вреди“ веќе го подготвува законот, за како што најави, веќе следната недела ќе се одржи и јавна дебата.

Вреди подготвува нов закон, кој што се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме в координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е констатирано дека „балансерот“ не функционираше како што треба, изјави Таравари пред почетокот на настанот „World Changers Balkan Summit“ во Филхармонија.

Тој подвлече дека е потребен Закон за правична застапеност, не само за етничка категорија, туку за сите категории кои што се маргинализирани во општеството.

Нам ни треба јавна дебата и синхронизација, бидејќи правичната застапеност е уставна категорија и секогаш кога нешто е уставна категорија, треба да постои и закон, додаде Таравари.

На новинарско прашање дали комисиите и во случајот со смртта на 14 месечното бебе на Детската клиника и со починатата родилка во Куманово покажаа дека станува збор за лекарска грешка, Тараври одговори дека најверојатно во понеделник ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за двата случаи.

Јас за Куманово го прочитав извештајот. За 14 месечното бебе се уште не сум го прочитал, но се надевам дека во понеделник ќе имаме прес-конференција и за двата случаи. Ќе ве информирам во текот на утрешниот ден, рече Таравари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Циркус на Камп Ноу: Тепачка меѓу работници од Албанија и Романија, има повредени (ВИДЕО)
Следна Статија ЗАВРШИЈА ПРЕГОВОРИТЕ МЕЃУ ВЛАДАТА И СОНК: Наставниците ќе добијат покачување од 5% од овој месец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ковачев: Во Македонија има над 180.000 граѓани со бугарски пасоши и уште 20 илјади се во процес на обработка

Бугарскиот европратеник од Европската народна партија, Андреј Ковачев, инсистирал на итно усвојување на промените во Законот за бугарско државјанство за…

November 10, 2025
ПОЛИТИКА

И потпретседателката Абази го напушти Таравари, доби нова функција во владата

Поранешната потпретседателка на Алијанса за Албанците, Бујаре Абази е избрана за претседателка на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), во…

May 21, 2025
ПОЛИТИКА

Бектеши: Можни се тензиите по укинувањето на балансерот

ДУИ предупредува на зголемување на тензиите откако беше укинат „балансерот“ за етнички вработувања. Екс-министерот за економија, Крешник Бектеши, во интервју…

October 13, 2024
ПОЛИТИКА

Уставобранителите поднесоа кривична пријава за поранешниот обвинител В.Р за настаните од „27 април“

Уставобранителите поднесоа кривична пријава за поранешниот обвинител В.Р за злоупотреба на службената положба и попречување на правдата против поранешната обвинителка…

April 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?