Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир и стабилност

Објавено August 13, 2025 11:08
Сподели
Сподели

Рамковниот договор е потсетник на една длабока вистина – дека државата ја имаме само ако ја чуваме заедно, по пат на дијалог, на компромис и заедништво, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на свечената седница по повод одбележувањето на 24-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

„Летото 2001 беше едно од најтешките во нашата понова историја. Нашата татковина беше разнишана од конфликт, од страв, од неизвесност. Имаше мигови кога изгледаше дека ништо нема да остане исто, дека патот кон пропаст е неизбежен. Но, тогаш, со храброст, со трпение и со визија, избравме пат на мир. Избравме пат на дијалог, на компромис, на заедништво. За овие работи треба да се зборува отворено и без ракавици. Дали Македонците беа најсреќни со потпишување на Рамковниот договор? Убеден сум дека тоа не е така. Чувство на огорченост, гнев. Веројатно такво било чувството и кај Албанците. Системски и тешки реформи, менување на Уставот во услови на воен конфликт. Но, да зборуваме отворено, Рамковниот договор 24 години потоа донесе мир. Донесе стабилност и обезбеди зачувана унитарност на Македонија“, рече Мицкоски.

Според него, Рамковниот договор не е само лист хартија туку е симбол на зрелост, на храброст и на мудрост. Според Мицкоски, договорот е потсетник дека, колку и да се разликуваме по јазик, вера, култура или етничка припадност – сите ние делиме една историја и една заедничка иднина.

„Денес не живееме во 2001-та. Но денес, исто како и тогаш, сме пред избори – не избори на хартија, туку избори во срцето и умот. Ќе дозволиме ли повторно да се појават ѕидови меѓу нас? Ќе се препуштиме ли на поделби и недоверба? Или ќе го избереме патот кој тогаш го избравме – патот на заедништво, на почитување, на љубов кон татковината и меѓусебно разбирање?“, праша Мицкоски.

Премиерот кажа дека Рамковниот договор бил и уште е злоупотребуван од поединци.

„Над 20 години имавме структури кои го користат национализмот како најдобра прекривка за заштита на криминалот и личните интереси. Впрочем таквиот национализам е последното прибежиште на оние кои направија кариери, стекнаа огромен капитал на грбот на народот кој го делат, и врз чии поделби опстојуваат во политиката. Со една рака пишуваат и делат во каков свет ќе се живее. Со другата, ја крадат земјата, стекнуваат имоти, хотели, трговски центри, скапи возни паркови. И не им пречи бојата на парите. Таквите поделби не ги решаваат проблемите на реалните луѓе кои бараат само едно, подобар живот за себе. Како политичар не познавам ваков или таков, мал или голем свет, туку само еден свет- Македонија, дом на сите нејзини граѓани каде имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за сите нејзини граѓани“, рече Мицкоски.

Премиерот кажа дека оваа влада преку носењето на законот за правична застапеност ја исполнила и последната обврска и нема повеќе отворени прашања во овој поглед.

„Како затворено поглавје, Рамковниот договор останува да сведочи за потребата за обединување и интегрирање во исполнувањето на заедничките цели“, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трутово млеко – „супер храна“ за која малкумина слушнале, есенва „на дофат“ првите количини произведени од нашите пчелари
Следна Статија Почина оперската примадона Милка Ефтимова

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова со божиќна честитка: Да ги отвориме срцата и да го градиме доброто на заедницата

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ упати честитка до граѓаните кои го прославуваат Христовото раѓање,…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните плаќаат за чиста средина, а не за депонии и ѓубришта: Митески најави кривична против ЈП „Комунална хигиена“доколку не реагира за отпадот

Само денес собравме над 10 тони отпад (50м3) кои завршија во „Дрисла“, информираше вчера градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. „Ова…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје

Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

За Македоницте во Голо Брдо вистината била и е една, ние сме биле, сме и ќе бидеме горди Македонци

Вистината била и е една, независно од потребата на многумина кои сакале да ја избришат. Ние сме биле, сме и…

January 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?