Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на терен: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето „Јасен“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на терен: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето „Јасен“
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на терен: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето „Јасен“

Објавено August 13, 2025 17:25
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска го посетија ловиштето „Јасен“ каде веќе неколку дена вработените во ДЗС, припадниците на специјалните единици во МВР и Министерството за одбрана се борат со огнената стихија.

Мицкоски, како што информира владината прес-служба, констатира дека состојбата е под контрола и оти продолжува гаснењето на пожарот во ловиштето „Јасен“.

– Можам да кажам дека делумно е под контрола, иако се уште во позадина дека има огромни јазици на пламен, дејствуваат и воздухопловите, дејствуваат и ер-тракторите заедно со хеликоптерите. Се надевам дека во најскоро време и овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, иако морам да кажам дека во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија имавме околу 34 активни пожари, од кои 33 се изгаснати. Денеска останатиот дел од територијата е целосно под контрола, немаме активни пожари, иако ситуацијата се менува од минута во минута, изјавил Мицкоски.

Премиерот Мицкоски изразил благодарност до сите оние кои во овој момент се справуваат, како што вели, прилично успешно со огнените стихии.

– Имајќи ја предвид состојбата на Балканот, имајќи предвид дека веќе дел од балканските држави имаат загубено за жал и човечки животи, таква е состојбата во Црна Гора, Албанија, Грција, во Турција, соседна Бугарија. Се надевам дека ќе дојде крајот на овие огнени стихии, апелирам на однесување какво што треба во рамки на движењето по шуми, иако тоа е забрането, но од очевидци можам да кажам дека оваа огнена стихија е настаната од удар на гром, според тоа што го слушнавме овде. Сакам да упатам апел до граѓаните дека состојбата е под контрола дека се е како што треба до овој момент, иако борбата со огнената стихија овде во ловиштето „Јасен“ продолжува. И огромна благодарност до сите оние храбри луѓе кои се борат со оваа огнена стихија и која ја ставаат под целосна контрола, нагласил премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поранешната прва антикорупционерка во трка за градоначалник на Центар
Следна Статија Притвор за малолетникот и уште едно лице кои со автомати убија човек во Тетово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ДПИ изрече осум парични казни за трговците кои не ја почитуваа одлуката на Владата, треба да платат 20 илјади евра

Државниот пазарен инспекторат ги изрече првите парични казни за непочитувачите на одлуката на Владата со која им се наложи на…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Што зборуваше Заев: Ебаму името ебаму

Излегоа класифицирани документи од средината на деведесетите години од страна на ЦИА.Во нив се споменува поранешиот претседател на Македонија Киро…

March 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Силјановска – Давкова од Рим: Силно и инспиративно е да прочитате на македонски јазик дека му се оддава почит на духовниот сесловенски татко

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во која порачува да се…

May 24, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Румен Радев два пати се пофали дека тој лично ја блокирал Македонија во ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека очекува уште меѓународни признанија за конзистентната политика на Владата како што е одлуката на Комитетот…

April 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?