Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонските одбојкари по максимална победа против Грузија – влезот е слободен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонските одбојкари по максимална победа против Грузија – влезот е слободен
СПОРТ

Македонските одбојкари по максимална победа против Грузија – влезот е слободен

Објавено August 14, 2025 19:41
Сподели
Сподели

Македонската одбојкарска репрезентација в недела во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го игра клучниот натпревар за пласман на Европското првенство 2026. Во Скопје ќе гостува Грузија, а македонскиот национален тим е фаворит и ќе бара максимална победа од 3:0 во сетови. Притоа ќе треба да се внимава и противникот да освои што е можно помалку поени.

Ова од причина што по завршувањето на дуелите од претпоследното коло од квалификациите (вчера) македонскиот тим е во борба за едно од петте втори места од седумте групи што носат пласман на Европското. Конкуренти за тоа место се репрезентациите на Австрија и на Норвешка, кои имаат идентичен скор (една победа, два пораза сет количник 4:6, но нашиот тим има подобар поен количник од ривалите).

Од диретните конкуренти во последното коло Австрија в сабота гостува кај Азербејџан, додека Норвешка игра на гости против Црна Гора в недела од 19 часот.

Натпреварот на „црвено-жолтите“ против Грузија почнува во 20 часот, а влезот во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Студент од Јамајка измислил квака што се дезинфицира сама
Следна Статија Ослободен Украинец кој бил заробен 4000 дена од Русите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Француски фудбалер обвинет за сексуално насилство: Имал сопруга и 4 деца, но и љубовница

Бразилското Обвинителство и формално поднесе тужба против 38-годишниот француски фудбалер Димитри Паје за „сексуално, физичко и психолошко насилство“ врз неговата…

June 21, 2025
СПОРТ

Милевски останува селектор на македонската фудбалска репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација со актуелниот селектор Благоја Милевски ќе ги почне мартовските квалификации за пласман на Светското првенство 2026. Ова…

December 22, 2024
СПОРТ

Tрамп: Иран не треба да настапи на СП

Американски0т претседател Држави, Доналд Трамп порача денеска дека не би било соодветно иранската фудбалска репрезентација да настапи на претстојното Светското…

March 12, 2026
СПОРТ

Омерагиќ: Клубовите од Втората лига ослободени од котизација по 15 години

Клубовите од Втората македонска фудбалска лига од оваа сезона ќе се натпреваруваат без обврска за плаќање котизација, соопшти претседателот на…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?