Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Велковски: Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Велковски: Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина
МАКЕДОНИЈА

Велковски: Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина

Објавено August 15, 2025 08:58
Сподели
Сподели

Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина и тоа зголемени. Ова го изјави Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Одговарајќи на прашања околу иселувањето на младите, Велковски, во гостување на телевизија „Канал 5“ рече дека економскиот дел е важен сегмент што најмногу влијае врз едно семејство за да не се иселува. Притоа, подвлече дека економски мерки се преземаат, намалување на инфлација, отворање нови работни места особено во приватниот сектор со поголеми плати и сет други мерки во здравство, образование, детски градинки.

Преземаме сет мерки за мотив да останат младите и да не се иселат. Веќе има резултати. Имаме стратегија во оваа смисла и за зголемување на наталитетот – рече меѓу другото, Велковски.

Во однос на питачењето, особено од страна на деца, Велковски рече имало план и конкретни чекори, за да се реши проблемот и ќе се работи и со семејствата и со децата.

Велковски истакна дека се решавал и проблемот и со недостаток на вработени во детските градинки. Упатувајќи критики за претходното работење, тој нагласи дека сега системски се постапува и со надминување на проблемот со листи за чекање при запишување деца во градинки. Се осврна и на инвестициите во изградба на нови градинки и простори за деца.

Околу жалбите за работата во одделни центри за социјални работи, тој одговори дека биле констатирани недостатоци во минатото, а инспекциите биле засилени на терен, со цел брзо и ефикасно решавање на проблемите. Во изминатите години, тој рече дека имало затајувања на системот, па посочи оти за една година имало придвижување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Елмас пред враќање во Наполи
Следна Статија (Видео) Пратеник претепан во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз

ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа која нема предизвици…

May 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје втор најзагаден град во Европа

Скопјани го дишат вториот најзагаден воздух во Европа. Според специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот IQAir, воздухот во…

January 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фатмир се качи на такси за да не му го земе Пајакот – Раскажа што се случило

Фатмир кој се качи на такси за да не му го земе Пајак раскажа што се случило Вистинска драма се одвиваше…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора. Сиљановска Давкова, денеска во Цетиње, со…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?