Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

Објавено August 15, 2025 12:51
Сподели
Сподели

„Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на државата, бидејќи тоа се основните услови за да можеме да развиваме општество коешто ќе напредува и општество коешто ќе нуди иднина за сите граѓани, нераскинлива алка се разбира од овие амбиции е и македонската Армија“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.

„Денеска присуствуваме на овој настан којшто е продолжение би рекол на настанот што се случи пред една година за којшто зборуваше почитуваната амбасадорка на САД и јас сум навистина горд што ете полека но сигурно се доекипираме, се комплетираме и ја јакнеме македонската Армија.

Тука нема да застанеме, ќе продолжиме и понатаму. Во насока на дефинирање на приоритетите, нешто за коешто претходно зборувавме со началникот на Генералштабот, со министерот, со амбасадорката и со останатите колеги во годините коишто следат за да можеме да го планираме буџетот, да инвестираме и во развој на државата и во развој на Армијата.

Но исто така кога зборуваме за вложување во Армијата зборуваме и за модернизација и конструкција на двата многу важни коридори, а тоа се Коридорот 10 и Коридорот 8 коишто во суштина не само сега туку и во иднина ќе претставуваат одлична логистика за Јужното крило на НАТО каде што и ние како Македонија припаѓаме и тоа е еден од нашите главни амбиции и планови во годините коишто следат, модернизација на Армијата, снабдување на она коешто е потребно и дефинирање на приоритети и реализирање на тие приоритети од аспект на опрема. Но исто така и модернизација и конструкција на овие 2 важни логистички коридори за НАТО, посебно за Јужното крило на НАТО.

На крај би сакал да се заблагодарам на сите оние коишто се дел од македонската Армија, на војниците, на старешините, на генералите, на началник на Генералштабот, да се заблагодарам на министерот со којшто работиме секојдневно, разговараме што можеме нешто плус да направиме за македонската Армија се разбира, да се заблагодарам на амбасадорката на САД којашто секогаш дава поддршка, секогаш е тука кога треба да разговараме во делот на модернизација на македонските вооружени сили и убеден сум дека како стратешки партнери, можеби ние сме во случајот многу помал партнер споредено со САД, но сме значаен партнер бидејќи партнерствата се градат, партнерствата се одржуваат, партнерствата се негуваат и во таа насока ќе продолжиме во годините коишто следат“, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гази Баба е најуспешна општина во Македонија за 2024 година според реализацијата на капиталните инвестиции
Следна Статија МВР се дигитализира: Ако изгубите лична карта, отсега ќе си извадите нова за многу брзо време

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Штетите од силното невреме ќе се рефундираат од надлежните институции

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со вчерашното невреме, истакна дека градоначалниците со нивните тимови…

July 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ѓурчески: Мицкоски го следеле партиски испостави во безбедносните служби, сега се исплашени

Следењето и снимањето на Христијан Мицкоски додека беше лидер на опозицијата, за што самиот информираше, е резултат на исполитизараните безбедносни…

November 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Победата на Трамп е добра вест за Македонија: Негови соработници веќе беа на средба со македонскиот владин врв

Ако денот по утрото се познава, тогаш слободно може да констатираме дека Доналд Трамп е 47-от претседател на Соединетите американски…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почната е постапка за набавка на 120 електрични автобуси

Во рамките на надзорната расправа во Собранието посветена на аерозагадувањето, премиерот Христијан Мицкоски одговараше на прашање на пратеничката Олга Лозановска…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?