Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кривична пријава за седум лица за местење на натпреварот меѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, уапсено едно лице
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Кривична пријава за седум лица за местење на натпреварот меѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, уапсено едно лице
ХРОНИКА

Кривична пријава за седум лица за местење на натпреварот меѓу ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, уапсено едно лице

Објавено August 15, 2025 20:52
Сподели
Сподели

Денеска (15.08.2025) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претрес на две локации кај П.Ѓ. од Гевгелија, спортски директор на ФК „Кожуф“ од Гевгелија и по спроведена предистражна постапка, а по насоки на ОЈО Гевгелија, ОКП поднесе кривична пријава против Б.Х., претседател на ФК „Башкими“ од Куманово за кривични дела „измама“ по чл.247 ст.6 од КЗ, „неовластено давање на подароци“ по чл.253-а ст.4 од КЗ и „соизвршителство“ од чл.22 од КЗ, против П.Ѓ., спортски директор на ФК „Кожуф“ за кривични дела „измама“ по чл.247 ст.6 од КЗ, „неовластено примање на подароци“ по чл.253 ст.4 од КЗ и „соизвршителство“ од чл.22 од КЗ, како и против А.Ј., фудбалер на ФК „Башкими“, С.Г., тренер на ФК „Кожуф“, Б.К., Ј.П. и К.С., тројцата фудбалери на ФК „Кожуф“ за кривични дела „измама“ по чл. 247 ст. 6 и „соизвршителство“ од чл.22 од КЗ.

Имено, првопријавениот Б.Х. во својство на претседател на ФК „Башкими“, со намера за својот фудбалски клуб да оствари пласман во Првата македонска фудбалска лига или бараж за влез во Првата македонска фудбалска лига, на фудбалски натпревар одигран на 06.05.2025 во Гевгелија помеѓу екипите на ФК „Кожуф“ и ФК „Башкими“, ги довел во заблуда Фудбалската федерација на Македонија и останатите клубови- членки на федерацијата и ги држел и одржувал во заблуда со прикривање на факти што се однесуваат на лажиран спортски натпревар или наместен резултат на спортската игра, со неовластено давање на подароци на второпријавениот П.Ѓ. со намера истиот да ги запостави интересите на ФК „Кожуф“ и Фудбалската федерација на Македонија, што го организирала натпреварот, за да се постигне резултат кој не зависи од спортската игра и правилата на спортскиот натпревар, на начин што првопријавениот преку третопријавениот А.Ј. договорил средба и обезбедил телефонски контакт од второпријавениот П.Ѓ., на која средба присуствувале прво, второ и трето пријавениот, при што второпријавениот се согласил да прими и примил подарок од првопријавениот- пари во вредност од 10.000 евра, за себе и други лица. П.Ѓ. пак по примањето на наградата, преку С.Г. влијаел врз Б.К., Ј.П. и К.С., кои прифатиле да не покажат доволно ангажирање на натпреварот согласно со нивните спортски можности и фудбалската игра, запоставувајќи ги интересите на ФК „Кожуф“, а во корист на ФК „Башкими“, со што на натпреварот бил постигнат резултат 1:2 во корист на ФК „Башкими“ и со така освоените три бода им овозможиле на ФК „Башкими“ да се пласираат на третото место во Втората македонска фудбалска лига, со што се стекнале со можност да играат во бараж за пласман во Првата македонска фудбалска лига. Еден од пријавените по насоки на јавен обвинител е лишен од слобода за обезбедување дополнителни докази и спроведен во ОЈО Гевгелија за натамошна постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тетовска полиција уапси млад скопјанец, бил фатен на дело додека предизвикувал пожар
Следна Статија Санкционирани 106 субјекти од УЈП за неполна недела

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж загина од удар од гром во прилепско

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека вчера преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена…

April 24, 2025
ХРОНИКА

Лекар од Вевчани повеќе од две години работел без продолжена лиценца

Лекар од Вевчани без продолжена лиценца повеќе од две години работел во Општата Болница во Охрид со што ја оштетил…

January 23, 2025
ХРОНИКА

Уапсен скопјанец кој ја принудувал малолетната ќерка да питачи во Дебар

Во рамки на засилените контроли за сузбивање на појавата на питачење, полициските службеници во Дебар приведоа жител на Скопје, кој…

July 11, 2025
ХРОНИКА

Екс вработени во МВР добија кривични, еве што направиле

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?