Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гол-шоу на „Енфилд“: Киеза и Салах во финишот го „урнаа“ Борнмут (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Гол-шоу на „Енфилд“: Киеза и Салах во финишот го „урнаа“ Борнмут (ВИДЕО)
СПОРТ

Гол-шоу на „Енфилд“: Киеза и Салах во финишот го „урнаа“ Борнмут (ВИДЕО)

Објавено August 16, 2025 08:50
Сподели
Сподели

Новата сезона во Премиер лигата започна со натпреварот помеѓу шампионот Ливерпул и Борнмут. По голема борба, „црвените“ победија на „Енфилд“ со резултат од 4:2.

Првото полувреме беше резервирано за Уго Екитике, Французин чии способности беа доведени во прашање поради парите што беа издвоени за него.

Напаѓачот на домашниот тим беше сеприсутен. Веќе по 10 минути од играта, тој беше во крупен план откако Сенеси играше со рака и со тоа го спречи противникот да има еден на еден со голманот Ѓорѓе Петровиќ.

По проверката во ВАР собата, беше утврдено дека нема основа за црвен картон, првата контроверзна одлука во Премиер лигата оваа сезона што вклучуваше видео преглед.

Екитике не дозволи оваа ситуација да го исфрли од ритам и до крајот на полувремето токму тој ја затресе мрежата откако топката буквално му се залепи за ногата, по што следеше ладнокрвен финиш.

На почетокот на вториот дел Екитике му асистираше на Коди Гакпо, кој си направи простор и погоди за 2:0.

Следуваше период во кој Арне Слот направи неколку измени и впечатокот е дека со тоа го наруши ритамот на својот тим.

Анотан Семењо тогаш стапи на сцена, најпрвин го намали резултатот, а потоа изведе вистинска мајсторија. Го прерча речиси целиот терен и го изедначи резултатот.

Во финишот Ливерпул сепак успеа да дојде до победата. Неочекуван херој е федерико Киеза,кој во 88.минута ја искористи лошата реакција на двајца дефанзивци на Борнмут.

Точка на мечот стави најдобриот стрелец во лигата минатата сеозна, мо Салах во 94.минута.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хаос во центарот на Белград, жандармеријата употреби солзавец за да растера антивладини демонстранти
Следна Статија Алјаска се тресеше, но не беше постигнат договор: Трамп и Путин без договор по средбата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Кевин Дурант стана најплатен НБА кошаркар

Кевин Дурант и натаму е во центарот на вниманието. Тој во својата 37 година од животот го продолжи договорот со…

October 21, 2025
СПОРТ

(Видео) Григор Димитров низ солзи го предаде мечот поради повреда

Бугарскиот тенисер Григор Димитров беше принуден да му го предаде мечот на Јаник Синер по крајот на четвртиот гем од…

July 8, 2025
СПОРТ

Американските медиуми го распнаа Јокиќ откако изјави дека овој Божик не е негов

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени на Божиќната ноќ од Феникс Санс на гостински терен со резултат 110:100. На Нагетс…

December 26, 2024
СПОРТ

Белгија го победи Велс, Македонија останува лидер во групата за СП

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе го дочека септемвриското продолжение на квалификациите за Светското првенство 2006 како лидер во групата Ј…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?