Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДИК го олесни настапот на независните листи – доволни ќе бидат два потписи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ДИК го олесни настапот на независните листи – доволни ќе бидат два потписи
МАКЕДОНИЈА

ДИК го олесни настапот на независните листи – доволни ќе бидат два потписи

Објавено August 18, 2025 08:45
Сподели
Сподели

Два потписи од двајца избирачи ќе бидат потребни за да можат независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на претстојните локални избори кои треба да се одржат во октомври. Ова го предвидува новиот Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на определување на нотарите за локалните избори 2025 година, кој Државната изборна комисија го донесе на седница.

Правилникот го предложи членот на ДИК, Александар Даштевски повикувајќи членот 63 од Изборниот законик кој како што рече не е укинат, а ја регулира постапката за собирање потписи за предлагање кандидати, иако членот 62 кој се однесува на локалните избори Уставниот суд го укина.

Ќе прочитам неколку измени кои ги предлагам во Правилникот кои се од суштиснко значење. Врз основа на член 63 став 3 собирањето потписи во постапката на кандидирање согласно одредбите на Избирниот законик почнуваат 10 дена од денот на распишувањето на изборите и трае 15 дена. Кога подносител на листа на кандидати за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник е група избирачи потребно е предлогот на кандидатската листа да го потврдат пред подрачните одделенија или регионални канцеларии на ДИК со важечки документи за личен идентификација, со адреса на живеење на соодветна општина за која се поднесува соодветна кандидатска листа и притоа за поддршка на истата на приопишан образец да бидат потпишани најмалку два избирачи, рече Дашевски образложувајќи одредби од новит Правилник, откако стариот беше ставен вон сила бидејќи Уставниот суд укина два члена од Изборниот законик.

Даштевски нагласи дека потписите за поддршка на предлогот на кандидатските листи за кандидат на членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник се врши во временски период утврден согласно членот 63 став 3 од Изборниот законик во период на редовно работно време на подрачните одделенија и канцеларии од 8:30 и 16:30.

-Овие се специфичните работи кои ќе важат само за овие избори па затоа и предлагам на ДИК овој Предлог правилник да го усвои, рече Даштевски.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека има спротивно мислење од  Даштевски од процедурално правен карактер, но оти сепак тој и нековиот колега Оливер Ристовски ќе гласаат за правилникот.

Со предложениот Правилник за собирање потписи кој предвидува да се евидентираат најмалку два потиси во подрачните одделенија за кандидирање на група избирачи. Членот 60 од Изборниот законик дирекно го утврдува, предвидува и дава правото на учество на група избирачи да поднесат листа и да учествуваат на изборите, но, без собирање потписи. Ова од причина што Уставен суд ги укина одредбите за бројот на собрани потпис предвидени во членот 62. Во таа насока не го прифаќам образложението на овој правилник, кој се повикува на член 63 кој ја предвидува постапката за собирање потписи,  не може да се спроведува постапка без да постои цензус за предвиден број потписи кои треба да се соберат. Во случајот членот 63 членот е неприменлив бидејќи е поврзан со член 62 од Законот, а кој е укинат од Уставниот суд. Но како што кажав иако од формално правен правно процедурален каракте и наведените причини не се согласувам, имам поинакво мислење, сепак и јас и колагата Оливер Ристовски ќе гласаме за и ќе го поддржиме овој правилник бидејќи сметам дека тоа е во интерес на изборниот процес и непречено спроведување на сите дејствија од изборниот процес, истакна Кондарко.

Изборите се распишани, изборните дејства се во тек, додаде и ДИК нема право и можност да ги одложи или сопре изборните дејства. Во оваа состојба додаде претседателот на Комисијата, ДИК се нашла не по своја вина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонските одбојкари се пласираа на ЕП
Следна Статија Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“ во Скопје

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е добиена пријава за паднато…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Оваа влада има силна политичка волја да тргне во долга, тешка и болна реформа во јавната администрација, вели Минчев

Последниот извештај на Европската комисија вели дека сме умерено подготвени во областа на реформи на јавната администрација и препораките во…

December 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Откриени нерегуларности и системски слабости во финансиски извештаи на Комисија за хартии од вредност

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Комисија за хартии од вредност…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФOTO) Се огласи сестрата на Тоше, бела торта со ангелски крилја

Во чест на 44 - роденденот на својот трагично загинат брат, Тоше Проески денеска се огласи неговата сестра Дора Бела…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?