Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија
ЗАБАВА

Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија

Објавено October 12, 2024 22:25
Сподели
Сподели

Со бис и овации беше награден настапот на македонската оперска певица, сопранистката Ана Дурловски, синоќа на концертот „Го славиме јубилејот“ во Македонската филхармонија, која годинава одбележува 80 години од постоењето.

Македонската филхармонија, со полна сала, на најубав начин ја започна јубилејната сезона, насловена „Одисеја“.

Гостин диригент на концертот беше Јерухам Шаровски од Израел, кој за Ана Дурловски изјави дека е една од најдбрите оперски певици со кои работел во својата долгогодишна кариера.

Овој оркестар е моето срце, со него се врзани моите почетоци, првиот настап со оркестар го имав токму со Македонската филхармонија, кажа Ана Дурловски пред концертот.

Ана Дурловски, првенка во МОБ, и постојан член на ансамблот на Операта во Штутгард, Германија триумфално се врати на сцената по пауза од седум години.

За роденденскиот концерт беше изведена светската премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев и премиерната изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд. По паузата, на репертоарот беше симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски.

Следниот концерт е на 17 октомври и тогаш гостува францускиот пијанист Лука Дебарг, а ќе диригира Бар Авни од Израел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со победа утре против Ерменија повторно ќе се бори за пласман на СП
Следна Статија „Летачот на орли“ е во Лесковац: Таткото на Гранит Џака лежел во српски затвор за екстремизам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ФОТО) Роџер Федерер доминираше со нов изглед, им одржа модна лекција на сите мажи

Роџер Федерер отсекогаш бил синоним за елеганција и стил, а тоа се уште е очигледно. Федерер отсекогаш бил најстилскиот и…

January 7, 2025
ЗАБАВА

Обичаи и верувања: Утре се слави Покров на Пресвета Богородица – празник на жените

Православните верници утре го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот…

October 13, 2024
ЗАБАВА

Раде Шербеџија се збогуваше со Габи Новак со емотивно видео: „Ја обожавав“

Раде Шербеџија се збогуваше со Габи Новак. Тој објави видео на Фејсбук во кое ја опиша Габи не само како…

August 12, 2025
ЗАБАВА

Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа бракоразводна спогодба по осум години

Актерите Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа договор за развод, изјави нејзиниот адвокат во вторникот, ставајќи крај на еден од…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?