Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ивановска во Обвинителството: Кривичната е за предмет на ДКСК во нејзино време
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ивановска во Обвинителството: Кривичната е за предмет на ДКСК во нејзино време
МАКЕДОНИЈА

Ивановска во Обвинителството: Кривичната е за предмет на ДКСК во нејзино време

Објавено August 19, 2025 17:38
Сподели
Сподели

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција и кандидатка за градоначалник на Центар, Билјана Ивановска, се појави во Основното јавно обвинителство Скопје во врска со кривичната пријава поднесена против неа. Распитот траеше околу еден час, а Ивановска во Обвинителството дојде во придружба на својот адвокат.

Пријавата, како што кажа Ивановска по излегувањето од Обвинителството, е поврзана со предмет што го отворила Антикорупциската комисија во периодот кога таа беше претседателка на ДКСК. Во пријавата подносителот ја обвинува Ивановска за несовесно работење поради начинот на кој предметот бил презентиран пред јавноста.

„Во конкретниот предмет бил оформен предмет по сопствена иницијатива и тоа од член на нашата комисија. Предметот се работел и на крај е без некои наоди, постапката е завршена без никакви сомнежи понатаму, но она што било спорно за пријавувачот е начинот на кој ние сме комуницирале со јавноста, а вие знаете дека како ДКСК бевме премногу транспарентни можеби и ги споделувавме информациите со јавноста без проблем околу тоа“,кажа Ивановска.

Пријавителот е познат, но Ивановска не го откри името ниту, пак, спорниот предмет за кој е поднесена кривичната пријава против неа.

„Истражната постапка не била за споделување со јавноста, меѓутоа нема ништо спорно, ја објаснив убаво постапката. Ми беше посочено да не споделувам, ќе излезе брзо одлуката, кога ќе ми биде доставена ќе го споделам и тој момент за да не попречувам во процедурата сега“,посочи Ивановска.

Во однос на сомнежот за политички притисок што Ивановска претходно го сподели со јавноста, кога објави дека полицијата ја барала дома за да ѝ ја достави поканата истиот ден кога објави дека се кандидира за градоначалник на Центар, вели дека не сака да верува во тоа сценарио. Според неа, предизборието е можност да се провери до каде државата е со лекцијата по демократија.

Но, сепак, според Ивановска, останува отворено прашањето дали Обвинителството на ист начин постапува со сите пријави.

„Мислењето на ефикасноста за обвинителството е такво какво што е и тоа остава простор за сомнежи, не само кај мене, туку општо кај граѓанството. Ако Јавното обвинителство постапувало ревносно секогаш и за кратко време ги доставувало пријавите каде што треба, тогаш никој не би се посомневал – зошто сега, зошто утре. Оттука се сомнежите. Прашањето ми е дали сите пријави што биле архивирани на 25 јули се доставени на 14 август кај тие што треба да ги примат и тоа од страна на полиција“,додаде Ивановска.

Ивановска на 14 август објави дека ќе се кандидира за градоначалничка на Центар како независна кандидатка поддржана од иницијативата „Независни заедно“, а следниот ден преку својот профил на Фејсбук објави дека полицијата вечерта ѝ доставила кривична пријава.

Од Обвинителството тогаш известија во случајот со Ивановска станува збор за покана за испитување и оти таа на ниту еден начин не се поврзува со нејзините политички активности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за ужасната сообраќајна несреќа на патот Ресен-Битола
Следна Статија САД почнуваат со депортација на Украинци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

150 години од раѓањето на великанот Крсте Петков Мисирков

На 18 ноевмри во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист,…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јованка Кепеска: Со бугарските услови за нашиот влез во ЕУ, целосно се негираат македонскиот народ, јазик и историја

Јованка Кепеска (1940 година, Прилеп) е универзитетска професорка и социолог која со години се занимава со прашања поврзани со идентитетот,…

June 27, 2026
МАКЕДОНИЈА

Министерството за животна средина ќе префрли 400.000 евра за чистење на линданот од ОХИС

Владата на седница донесе Одлука, Министерството за животна средина и просторно планирање да ги префрли средствата наменети за чистење на…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?