Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Започнуваме активности за целосна реконструкција на пругата од Скопје до Кичево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Започнуваме активности за целосна реконструкција на пругата од Скопје до Кичево
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Започнуваме активности за целосна реконструкција на пругата од Скопје до Кичево

Објавено August 19, 2025 18:21
Сподели
Сподели

Владата донесе одлука за започнување на подготовки и подготвителни активности за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево на коридор 8, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во прва фаза, преку Европската Унија ќе се обезбеди грант од 5, 3 милион евра за физибилити студија, а носечка институција ќе биде Европската банка за обнова и развој која ќе избере Консултант за изработка на студиите согласно највисоките европски стандарди. По изработката на анализите, во втора фаза ќе започнат работите на пругата, потенцираше вицепремиерот Николоски

-Ова е следна точка во делот на железничката инфраструктура во Македонија. Сега почнуваме подготвителни активности и за западното крило на коридор 8, почнуваме со постојната железничка линија од Скопје до Кичево која што е во лоша состојба бидејќи во моментов невозможно е по нејзе да оперираат возови и затоа решивме да ја реконструираме. Второ ставаме модерна сигнализација согласно најдобрите европски стандарди за безбедност и сигнализација и трето истата да ја електрифицираме бидејчи и пругата сега да беше во добра состоја по нејзе би можеле да оперираат само дизел локомотивои. Ова ќе значи подобро поврзување помеѓу Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево. За истата разговраваме со ЕУ и се договороивме ЕУ да обезбеди грант од 5, 3 милиони евра за физибилити студија со анализа на трошоци и приодбивки, идејни проекти и нацрт текст за инвестициски грант. За истото, водечка институција ќе биде ЕБОР, согласно внатрешните процедури на Банката, тие ќе изберат Консултант кој што ќе ги работи овие студии, рокот за изработка за овие студии по највисоки европски стандарди е 18 месеци и посел тоа ќе одиме на втора фаза, а тоа се работи на терен, истакна вицепремиeрот Николоски.

Тој додаде дека во напредна фаза е изградбата на брзата пруга на коридор 10, исто така беше пуштена во функција пругата од Куманово до Бељаковце, исто така се работи на пругата од Бељаковце до Крива Паланка и пред финален договор сме со Бугарија за железничко поврзување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се запали камион на Плетвар
Следна Статија Се судрија четири возила на патот Охрид – Кичево, тројца се повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кембелс го отпушти извршниот директор поради наводен расистички говор

Извршниот директор беше отпуштен по тужба и przecurena аудио снимка од поранешен вработен.

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Вистинското прашање е до каде е проектот за Коридорот 8 во Албанија

Коридорот 8 за нас е важен исто како Коридорот 10 бидејќи мојот сон како претседател на Владата е Македонија да…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од Вашингтон и Њујорк, директно во скопски Петровец Мицкоски промовираше две иневстиции

Нема време за чекање. Од Вашингтон и Њујорк, директно во скопски Петровец, вели премиерот Христијан Мицкокси, кој денеска ќе изврши…

January 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Европската инвестициска банка отвора претставништво во Скопје

Владата на Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска потпишаа Спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје. Овој…

November 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?