Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минималната синдикална кошница за август изнесува 65.507 денари или 1.065 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Минималната синдикална кошница за август изнесува 65.507 денари или 1.065 евра
ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошница за август изнесува 65.507 денари или 1.065 евра

Објавено August 20, 2025 13:48
Сподели
Сподели

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, што претставува зголемување од 179,00 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328,00 денари. Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена за 2.816,00 денари или 4,49 отсто, соопштуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Од ССМ посочуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати, вкупните трошоци во август достигнуваат 80.882,00 денари.

Во категоријата храна и пијалоци, вредноста за август е 24.064,00 денари, што е зголемување од 382,00 денари во однос на јули. Во однос на претходниот период, по укинувањето на мерките, оваа категорија бележи раст од 2.584,00 денари, односно 12,09 отсто.

Од другите категории, како што посочуваат од ССМ, трошоците за облека и обувки се намалени за 114,00 денари, за лична хигиена има намалување од 74,00 денари и за транспортот се намалена за 16,00 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Засега нема нарушувања во однос на училишната кошничка, Инспекторатот е на терен
Следна Статија Мицкоски: Започна со работа новата хала на компанијата Амфенол, со 200 нови работни места

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Тешко е да преживеете со 370 евра денеска кога минималната синдикална кошничка веќе изнесува повеќе од 1.000 евра

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува да го разгледа предлог-буџетот за следната година во делот за раст на платите,…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење

Подобрување и одржување на макроекономската стабилност, поддршка на економската активност и забрзување на економскиот раст се главни цели на фискалната…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави засилени контроли: Нема да дозволиме трикови за зголемување на цените

Владата нема да дозволи никакви трикови за зголемување на цените во маркетите и ќе ги засили контролите не само кај…

May 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Историски исчекор за нашата земја ‒ Станавме членка на СЕПА

Европскиот совет за плаќања денес ја прифати нашата земја како 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).…

March 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?